Мунух
Мунух Μαυροθάλασσα | |
---|---|
Координати: 40°53.39′N 23°45.1′E / 40.88983° СГШ; 23.7517° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Визалтија |
Општ. единица | Черкезќој |
Надм. вис. | 30 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 1.300 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Мунух (грчки: Μαυροθάλασσα, Мавроталаса; до 1927 г. Μουνούχι, Мунухи[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Серското Поле, источно од Нигрита и југоисточно од градот Сер. Лежи на 15 км од Струмскиот Залив.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Црквата во североисточното маало Кула (Пиргос) е „Св. Ѓорѓи“, изградена во XVIII век. До неа имало кула по која е наречено целото маало.[3]
На почетокот на XX век Мунух било село во Серскатата каза на Серскиот Санџак. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Монух (Монухъ) имало 300 Грци христијани.[4]
По податои на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Мунух (Mounouh) се состоело од 50 Грци.[5]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година Мунух броел 291 жител, кои во 1920 г. се намалиле на 245 лица.[6] Во 1926 г. селото е применувано во Мавроталаса, но промената стапила на сила следната 1927 г.[2] Во 1923 г. во селото се доведени грчки колонисти, највеќе од Северна Тракија, а остатокот од други делови на Тракија и Понт, како и Каракачани. Во 1928 г. Мунух е претставен како наполно дојденско село со 435 жители (107 семејства).[7] По пресушувањето на Тахинското Езеро бројот на жителите се покачил, и во Мунух дошле уште доселенички семејства.[6]
Во 1969 г. е изградена црквата „Успение на пресв. Богородица“.[8] В 1979 година во Кула до „Св. Ѓорѓи“ е построена новата парохиска црква „Св. Марина“.[3]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Меше Баир[9] | Μεσέ Μπαΐρ | Гаврос | Γάβρος[10] | возвишение на СЗ над Мунух (72 м)[9] |
Керимичилик[9] | Κεριμιτσιλίκι | Керамидарио | Κεραμιδαργιό[10] | месност на ССЗ од Мунух[9] |
Фриса[9] | Φρίσσα | Заркадија | Ζαρκάδια[10] | месност на СИ од Мунух[9] |
Ховија[9] | Χόβια | Приони | Πριόνι[10] | месност на СИ од Мунух, по десниот брег на Струма[9] |
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.401 | 2.071 | 2.234 | 2.000 | 1.925 | 1.767 | 1.661 | 1.572 | 1.300 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Цркви
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 24 октомври 2019.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
- ↑ 6,0 6,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 238. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ „Ιερός Ναός Κοιμήσεως Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 26 октомври 2019.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1042. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)
|