Жервохор (Нигритско)
Жервохор Ζερβοχώρι | |
---|---|
Координати: 40°52′N 23°36′E / 40.867° СГШ; 23.600° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Визалтија |
Општ. единица | Тахино |
Надм. вис. | 170 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 75 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Жервохор (грчки: Ζερβοχώρι, Зервохори) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населението брои 75 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во Серското Поле, југоисточно од Нигрита и околу 2 км југоисточно од Хункос, на надморска височина од 170 м.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Жервохор било грчко село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Жервохор (Gervohor) имало 30 домаќинства и 100 жители Грци.[3]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Жервохор, село кое некогаш цветаше, сега лежи во урнатини; на 1⁄4 час на исток од Хункос. 10 грчки куќи.[4] | “ |
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Жервохор имало 120 жители Грци.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Зервохор (Zervohor) имало 160 жители Грци и во селото работело грчко училиште.[6]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 146 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 284 лица. Во 1923 г. во Жервохор се доведени 2 бегалски семејства (вкупно 9 бегалци).[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението одгледува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 327 | 302 | 309 | 205 | 173 | 167 | 117 | 87 | 75 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во 1924 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 7,7 квадратни километри.[2] Општината Жервохор била приклучена во општината Тахино во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.
Селото припаѓа на општинската единица Тахино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Жервохор, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Св. Антониј“ — парохиски храм, изграден во 1983 г.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 234.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 846.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 180. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
- ↑ „Ιερός Ναός Ἁγίου Αντωνίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 јуни 2024.
|