Л’џа (Нигритско)

Координати: 40°53.46′N 23°33.22′E / 40.89100° СГШ; 23.55367° ИГД / 40.89100; 23.55367
Од Википедија — слободната енциклопедија
Л’џа
Θερμά
Л’џа is located in Грција
Л’џа
Л’џа
Местоположба во областа
Л’џа во рамките на Визалтија (општина)
Л’џа
Местоположба на Л’џа во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°53.46′N 23°33.22′E / 40.89100° СГШ; 23.55367° ИГД / 40.89100; 23.55367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаНигрита
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно262
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Л’џа (грчки: Θερμά, Терма; до 1923 г. Λίτζα, Лиѕа[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Серското Поле, јужно од Сер. Лежи во северното подножје на Богданска Планина, на околу 4 км источно од Нигрита. Крај селото има лековити минерални бањи.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX и почетокот на XX век Л’ца било село во Серскат аказа. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Л’џа Дере имало 300 жители, сите Турци.[4]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 215 жители, а во 1920 г. во него се попишани 196 лица.[3] Во 1923 г. селото е преименувано во Терма. Населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Л’џа (Λίτζια) е претставено како наполно дојденско село со 363 жители (92 домаќинства).[5]

Во 1950 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.[6]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 779 642 746 714 516 533 574 426 262
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 237. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
  5. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  6. „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 24 октомври 2019.