Нигрита

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нигрита
Νιγρίτα
Улица во центарот на Нигрита
Улица во центарот на Нигрита
Нигрита is located in Грција
Нигрита
Нигрита
Местоположба во областа
Нигрита is located in Визалтија (општина)
Нигрита
Местоположба на Нигрита во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°54.48′N 23°30.5′E / 40.90800° N; 23.5083° E / 40.90800; 23.5083Координати: 40°54.48′N 23°30.5′E / 40.90800° N; 23.5083° E / 40.90800; 23.5083
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаНигрита
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно4.947
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Нигрита или Нигрид (грчки: Νιγρίτα) — гратче во Нигритско, Егејска Македонија, денес седиште на општината Визалтија на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 4.947 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Гратчето е сместено во Серското Поле, 22 км јужно од градот Сер, во северното подножје на Богданска Планина.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

В Богданска Планина над Нигрита е разположена късноантичната крепост Кастри.[3]

Црквата „Св. Ѓорѓи“ — едната от двете главни цркви — е изградена во XVI век.[4]

Гратчето настрадало од теророт на османлиските власти по обидот за востание на Леонидас Вулгарис во 1866 г.[5] Во текот на XIX век Нигрита била етнички мешано место со македонско и грчко, во кое, со време, грчкиот удел сè повеќе го истиснувал македонскиот.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Нигрита (Nigrita) имала 305 домаќинства со 350 жители Македонци и 650 Грци,[6][7] што значи дека Македонците веќе биле сведени на една третина од населението.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Нигрита:

Нигрита е христијанско село со една црква и две училишта, добар пазар и пет анови... Жителите са Грци, а има и Македонци, преселници од соседните села.[6][8]

Веќе на почетокот на XX век грчкиот елемент сосема го истиснал македонскиот. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Нигрита имала 2.500 жители Грци.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 во гратчето живееле 1.900 Грци и работеле две грчки училишта.[10]

Во 1906 г. врз темелите на постар храм е подигната втората енориска црква „Св. Атанас“.[11]

На 24 февруари 1907 г. во местноста Таш Олук кај Нигрита се одиграла битка помеѓу 40-члена македонска чета на МРО и една грчка чета, во која македонската страна изгубила 9 борци, а грчката — 4.[12]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна во 1912 г. гратчето било окупирано од бугарска војска и отворена е бугарска болница.[13] Во февруари 1913 г. во околината се воделе борби помеѓу бугарската и грчката војска, а во Втората балканска војна во јуни 1913 г. Нигрита е конечно окупирана од грчка војска и истата година е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 4.014 жители.[2] Во 1920 г. во гратчето се попишани 4.211 жители, и понатаму населението продолжило да расте, особено поради доведувањето на 1.026 грчки доселеници, но и поради доселувањата од околните села.[2] Нигрита станала управен центар на околијата и во 1928 г. достигната 7.199 жители.[2]

Во 1940 г. Нигрита достигнала 8.462 жители и три години подоцна е официјално прогласена за град. Поради бугарската окупација на источна Егејска Македонија за време на Втората светска војна, во Нигрита биле сместени грчки бегалци од таа страна на окупациската граница. Истото се случило и време на Грчката граѓанска војна, па затоа градот нагло добил многу поголемо население.[2] Сепак, веднаш по војните бегалското население го напуштило градот, па во 1951 г. се попишани 7.926 жители. Во 1961 г. Нигрита бележи значаен раст со 9.979 жители, но нивниот број подоцна почнал да опаѓа.[2] Така, во 1971 г. гратчето имало 7.301 жител, намалувајќи се на 6.531 во 1981 и 6.186 жители во 1991 г. Во следниот период бројот на жителите бележи понатамошен пад, со 5.566 во 2001 и 4.947 во 2011 г.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 8.462 7.926 9.979 7.301 6.531 6.186 5.566 4.947
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Нигрита е управен и стопански центар, но нема значајни производни капацитети. Покрај трговијата, застапено е земјоделството. Околу гратчето има плодно земјиште, кое дава високи приноси на индустриски и земјоделски култури.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Δαμάνης, Δημήτριος Γ., "Νιγρίτα-Σύρπα", Μακεδονικό Ημερολόγιο, Αθήνα 1911.
  • Πασχαλούδης Ν.Λ., Τα Τερπνιώτικα και τα Νιγριτινά. Ένα γλωσσικό ιδίωμα της Βισαλτίας Σερρών. Περιλαμβάνει στοιχεία γραμματικής, λεξικό, αντιλεξικό και δείγματα γλώσσας από τραγούδια, παροιμίες, αινίγματα, τοπωνύμια, κύρια ονόματα, Αθήνα 2000.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Попис на населението од 2011 г. Трајно население". Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 238–239.
  3. "Καστρί Νιγρίτας". Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 26 октомври 2019.
  4. "Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου". Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 2 ноември 2014.
  5. Vakalopoulos, Kostandinos A. Modern History of Macedonia (1830-1912), Thessaloniki, 1988, p. 54.
  6. 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  7. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 122-123.
  8. Верковичъ, С.И. Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи, СПб, 1889, стр. 58.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 179.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
  11. "Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου". Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 2 ноември 2014.
  12. "Ιστορικό Ημερολόγιο Σερρών" (PDF). Δημόσια Κεντρική Βιβλιοθήκη Σερρών. Посетено на 5 декември 2014.
  13. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.50

Надворешни врски[уреди | уреди извор]