Тахино

Координати: 40°55.14′N 23°39.23′E / 40.91900° СГШ; 23.65383° ИГД / 40.91900; 23.65383
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тахино
Αχινός
Тахино is located in Грција
Тахино
Тахино
Местоположба во областа
Тахино во рамките на Визалтија (општина)
Тахино
Местоположба на Тахино во општината Визалтија и областа Централна Македонија
Координати: 40°55.14′N 23°39.23′E / 40.91900° СГШ; 23.65383° ИГД / 40.91900; 23.65383
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаНигрита
Надм. вис.&1000000000000001500000015 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно507
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Тахино (грчки: Αχινός, Ахинос) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 4.947 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со погрчени Македонци.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во Серското Поле, 3 км од десниот брег на реката Струма[2] и 5 км северно од Џинџос.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Селото е основано во XVII век на брегот на Тахинското Езеро.[3] Во XVIII век е изградена црквата „Св. Константин и Елена“.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ де вели дека во 1873 г. Тахино (Tahino) било село со 158 домаќинства, со 480 жители Грци (т.е. погрчени Македонци).[4]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Тахино:

Тахино, Ахино или Таинос: христијанско село близу до езерото Ахино [Тахинско]; 1 црква, 1 училиште, жителите се Грци [погрчени Македонци], занимањето им е земјоделство и риболов, 8 часа од градот.[5]

На почетокот на XX век Тахино било село во Серската каза на Серскиот санџак. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Тахинос имало 650 жители Грци (т.е. погрчени Македонци).[6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Тахинос (Tachinos) се состоело од 750 Грци (т.е. погрчени Македонци) и во селото имало грчко училиште.[7]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 557 жители кои во 1920 г. доживале мал пад на 535 лица.[2] Во 1923 г. во Тахино се доведени 40 грчки семејства од Турција си вкупно 131 жител, со што селото станало етнички мешано.[2]

Со исцедувањето на Тахинското Езеро во 1935 г. добиени се нови обработливи површини, на кои се сместени поголем број дополнителни грчки дојденци од Понд.[3] Со тоа, во 1940 г. населението се накачило на 1.158 жители. Поради погодните услови, растот продолжил во следните десетлетија, достигнувајќи 1.502 лица во 1961 г. Во следните периоди бројот на жители почнал да се намалува, за во 2011 г. да се намали тројно во споредба со бројноста на почетокот од 1960-тите.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.158 1.369 1.502 1.099 900 803 731 507
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има многу плодна почва која дава високи приноси во две реколти годишно. Се произведува доста памук, жито и други земјоделски производи, а развиено е и краварството.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 242.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Ιερός Ναός Ἁγίων Κωνσταντίνου και Ἑλένης“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 31 октомври 2014.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 122 – 123.
  5. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 60.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 180. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 200 – 201.