Прејди на содржината

Авдамал

Координати: 40°57′N 23°25′E / 40.950° СГШ; 23.417° ИГД / 40.950; 23.417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Авдамал
Σησαμία
Авдамал is located in Грција
Авдамал
Авдамал
Местоположба во областа
Авдамал во рамките на Визалтија (општина)
Авдамал
Местоположба на Авдамал во Општина Визалтија и областа Централна Македонија
Координати: 40°57′N 23°25′E / 40.950° СГШ; 23.417° ИГД / 40.950; 23.417
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаАвдамал
Надм. вис.&1000000000000005400000054 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно329
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Авдамал (грчки: Σησαμία, Сисамија)[2] — село во Општина Визалтија во Серски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 30 километри јужно од градот Сер и на 9 километри северозападно од Нигрита.

Селото се наоѓа на надморска височина од 54 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство.

Во Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 95 семејства со 70 жители муслимани и 190 жители Грци[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 50 муслимани и 450 жители Грци[4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 македонски гркомани[5][6], и функционирало грчко училиште.

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 471 жител, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 433 жители[7].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Сисамија[8].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 7 грчки семејства со 28 лица[9]. Во 1928 година, бројот на населението бил 585 лица, додека во 1940 година селото броело 843 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 745 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 745 жители, во 1971 година имало 823 жители, во 1981 година имало 667 жители, додека во 1991 година имало 556 жители[7]. Денеска, населението на селото е 329 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 843 745 823 667 617 556 329
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Στέρνα
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 120-121.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 179.
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 198-199.
  7. 7,0 7,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 47.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]