Ниверо
Ниверо Ίβηρα | |
---|---|
Координати: 40°54′N 23°42′E / 40.900° СГШ; 23.700° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Визалтија |
Општ. единица | Черкезќој |
Надм. вис. | 60 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 468 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ниверо или Ниверос (грчки: Ίβηρα, Ивира) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населението брои 468 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се ноаѓа во Серско Поле, околу 17 км југоисточно од гратчето Нигрита, крај патот што води од Нигрита до Струмскиот Залив, на надморска височина од 60 м.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]За време на османлиско владеење селото било чифлик на светогорскиот манастир Ивирон, поради што било познато и под името Грузиски Метох.[2]
Во XIX век Ниверо било грчко село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Ивиро (Iviro) имало 18 домаќинства со 15 жители муслимани и 40 жители Грци.[3]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Ниверо, чифлик на светогорскиот манастир Ивер; на 8 1⁄2 часа југоисточно од Сер; 12 грчки куќи, 8 македонски. Грчка црква.[4] | “ |
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Ниверо имало 80 жители Грци.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Невирос имало 150 Грци.[6]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело само 4 машки жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 50 лица. Во 1923 г. во Ниверо се доведени 187 бегалски семејства (вкупно 790 бегалци).[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото е богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини кои даваат и по две реколти годишно. Населението произведува големи количини на памук и други индустриски производи. Внимание му се посветува и на краварството.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.090 | 1.213 | 1.178 | 904 | 952 | 891 | 813 | 615 | 468 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во 1926 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 21,7 квадратен километар.[2] Општината Ниверо била приклучена во општината Черкезќој во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.
Селото припаѓа на општинската единица Черкезќој со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ниверо, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Св. Никола“ — изградена во 1988 г.
Личности
[уреди | уреди извор]Родени во Ниверо
- Јоргос Гудас (1927-2023) — грчки писател и поет
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 238.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 847.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 180. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
|