Прејди на содржината

Горасанли

Координати: 41°0′N 23°24′E / 41.000° СГШ; 23.400° ИГД / 41.000; 23.400
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горасанли
Γκουράντζαλη
Горасанли is located in Грција
Горасанли
Горасанли
Местоположба во областа
Горасанли во рамките на Визалтија (општина)
Горасанли
Местоположба на Горасанли во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°0′N 23°24′E / 41.000° СГШ; 23.400° ИГД / 41.000; 23.400
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаВизалтија
Надм. вис.&1000000000000001500000015 м
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Горасанли или Курасанли (грчки: Γκουράντζαλη, Гуранѕанли) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во Серско Поле, помеѓу селата Макеш и Димитрич, северозападно од гратчето Нигрита, на надморска височина од 15 м.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Горасанли било турско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Горасанли имало 40 домаќинства и 118 жители муслимани.[2]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Грозанли имало 140 жители Турци.[3]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 178 жители. Бидејќи селото настрадало во Првата светска војна, тоа не се спомнува како населба во наредните пописи. Последен пат се спомнува во 1926 г. при формирањето на општината Орљак (денес дел од Општина Долна Џумаја). Подоцна Горасанли било избришано од евиденција.[1]

  1. 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 232.
  2. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 178. ISBN 954430424X.