Кизили
Кизили Ορέσκεια | |
---|---|
Координати: 40°51′N 23°39′E / 40.850° СГШ; 23.650° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Визалтија |
Општ. единица | Тахино |
Надм. вис. | 140 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 45 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Кизили или Кизели (грчки: Ορέσκεια, Орескија; до 1926 г. Κιζιλή, Кизили[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населението брои 45 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Серско Поле, на 1 км западно од соседното село Ежово и околу 13 км југоисточно од гратчето Нигрита, на надморска височина од 140 м.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Кизили било турско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Зили (Zili) имало 28 домаќинства со 25 жители муслимани и 50 жители Македонци.[4][5]
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Кизили:
„ | Казали Маала: жителите се турски коњари, 3 часа од Нигрита.[6] | “ |
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 129 жители. Селото наполно настрадало во Првата светска војна, поради што не се спомнува во пописот од 1920 г.[3]
Кизили било обновено во 1923 година, кога се населени 18 бегалски семејства (вкупно 97 бегалци).[3] Во 1926 година, името на селото било променето во Орескија (Ορέσκεια).[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението одгледува памук, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 293 | 234 | 274 | 124 | 84 | 48 | 80 | 57 | 45 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Тахино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ежово, во кој влегува и селото Ежово.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Св. Преображение“ — гробишен храм, изграден во 1923 г.
Кули
- Светомаринска кула од XI век, прогласена за споменик на културата
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 24 јуни 2024.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 235–236.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 124. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 59.
|