Караорман (село)
Караорман Μαυρολόγγος | |
---|---|
Координати: 40°57′N 23°35′E / 40.950° СГШ; 23.583° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Визалтија |
Општ. единица | Нигрита |
Надм. вис. | 30 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Караорман (грчки: Μαυρολόγγος, Мавролонгос; до 1927 г. Καραορμάν, Караорман[1]) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало во Серско Поле, крај десниот брег на Струма, североисточно од гратчето Нигрита, на надморска височина од 30 м.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Караорман бил чифлик во Серската каза на Серскиот санџак.
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 24 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 33 лица. Во 1927 година, името на селото било променето во Мавролонгос (Μαυρολόγγος).[1]
Според пописот од 1928 г., Караорман броел 81 жител, од кои 4 доселеници, а останатите најверојатно биле Грци. По исушувањето на Тахинското Езеро, селото било напуштено, поради што во подоцнежните пописи не се спомнува како населба и било избришано од евиденција.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 235.
|