Македонски Словени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Македонските Словени со историско име Славини или Склавени, биле група словенски народ кој ја населувал територијата на Македонија и зборувал старословенски јазик.


Според средновековните хроничари, словенскиот народ (gens) кој ја населил Македонија го сочинувале следниве словенски племиња во 7 век: Драговити, Сагудати, Велегезити, Венити, Брсјаци, односно според оригиналниот запис на латински јазик: Sclavenorum gens numero infinito ex Dragobitas, Sagodatis, Belegeretis, Baenitis, Berzitis, reliquisque, quae primum uno ex ligno naves praeparare diciderant. (извор:Livius XLV. 29).

Славините ги населиле териториите на денешна етничка Македонија, чии етнички граници се простирале:

Словените и Антите[уреди | уреди извор]

Византискиот хроничар, Прокопиј од Ќесара вели „овие две нации, Словени и Анти живеат во демократија“ (Procopius of Caesarea : Wars VII 14.22); македонските Словени и Антите биле два, но сродни народа.

Воедно, Антите и Словените биле непријателски настроени едни кон други, дури меѓу нив избувнала и војна во која победиле Словените ("Христоматия по история на България", стр. 57). За да ја зајакне Византиската моќ, императорот Јустинијан ги вооружувал Словените против Антите кои во подолг временски период биле големи непријатели ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41).

Извори[уреди | уреди извор]

  1. "История на България", Издателство на Българската академия на науките, София, 1981, том 2, Първа българска държава, стр. 42.
  2. "История на България", Издателство на Българската академия на науките, София, 1981, том 2, Първа българска държава, стр. 45.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]