Карпин
Изглед
| Карпин | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 41°0.54′N 22°24.11′E / 41.00900°N 22.40183°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Централна Македонија |
| Округ | Кукуш |
| Општина | Пајонија |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Карпин — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало на источните падини на планината Пајак, северозападно под врвот Баруч (1.003 м)[1]. Лежело на 4 км северно од с. Црна Река, на патот за с. Купа.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Карпин било македонско село распаднато во средината на XIX век поради чести напади од разбојнички банди сочинети од турски и албански дезертери од турската војска, месно познати како „тумбулеци“.[2] Истата судбина ја доживеале и другите помали села на ова подрачје.
Населението се преселило во селата Бојмица и Црна Река, и го паметат своето потекло. Меѓу тие родови се издвојуваат Котевци, Доневци и др.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- 1 2 3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 60. ISBN 9989-9819-6-5.
| ||||||||||||||||||||||||||||||