Либаово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Либаово
Φιλυριά
Поглед на селото
Поглед на селото
Либаово is located in Грција
Либаово
Либаово
Местоположба во областа
Либаово во рамките на Пајонија (општина)
Либаово
Местоположба на Либаово во општината Пајонија и областа Централна Македонија
Координати: 40°54′N 22°29′E / 40.900° СГШ; 22.483° ИГД / 40.900; 22.483Координати: 40°54′N 22°29′E / 40.900° СГШ; 22.483° ИГД / 40.900; 22.483
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Општ. единицаГуменџе
Надм. вис.&10000000000000160000000160 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно246
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.61300
Рег. таб.KI

Либаово, Либахово или Либаво (грчки: Φιλυριά, до 1927 г. Λιμπάχοβον, Лимбавохон[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 246 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 5 км јужно од Гуменџе, на надморска височина од 160 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Праисторија и антика[уреди | уреди извор]

На трапезоидна височина на 150 м југозапдано од селото е откриено древна населба со остатоци од праисториско, римско и хеленистичко време. Лево од патот Кушиново – Либаово, во месноста Извор на 1,1 км од Либаово е откриена римска градба со изобилство од керамички остатоци и архитектонски елементи.[4]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., населението на Либаово броело 145 жители, сите Македонци.[5] Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 г., во селото живееле 176 жители, сите Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Во овој период Боривое Милоевиќ во селото завел 40 куќи, сите македонски.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 144 жители, а во 1920 г. 111 лица.[3] Во 1927 г. Либаово е преименувано во Филирија.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението на селото одгледува жито, тутун и памук. Сточарството е слабо развиено.[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 462 352 381 333 329 304 279 246
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Limpachovon -- Fillyria“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-04-07.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. 1 дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 61.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/57683/3282 π.ε./17-4-1996 - ΦΕΚ 294/Β/3-5-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-07-09. Посетено на 26 јуни 2018.
  5. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.03“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-04-07.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 102-103.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]