Селиште (Гевгелиско)
Селиште | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°7.51′N 22°21.45′E / 41.12517° СГШ; 22.35750° ИГДКоординати: 41°7.51′N 22°21.45′E / 41.12517° СГШ; 22.35750° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селиште или Гуршет — поранешно село во Гевгелиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.
Географија[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓало северно од с. Љумница, на место на самата денешна граница со Р. Македонија, југоисточно од селото Ума преку границата. [1]
Историја[уреди | уреди извор]
Ова мало македонско село се распаднало на почетокот на XIX век поради чести напади од разбојнички банди сочинети од турски и албански дезертери од турската војска, месно познати како „тумбулеци“. Оваа судбина ги снашло и другите околни ридско-планински села. Неговите жители се преселиле во Љумница, а нивните потомци и денес имаат имоти во некогашниот атар на Селиште. Имаат посебни гробишта, одвоени од другите, веројатно бидејќи нивните предци се Македонци, а околните жители се Власи.[1]
Топонимите „Селишта“ и „Горшет“ опостојуваат и денес. Првото е во атарот на Ума, а второто е месност на која стои гранична пирамида.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 58. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
|