Прејди на содржината

Сехово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сехово
Ειδομένη
Пограничната железничка станица во Сехово
Пограничната железничка станица во Сехово
Сехово is located in Грција
Сехово
Сехово
Местоположба во областа
Сехово во рамките на Пајонија (општина)
Сехово
Местоположба на Сехово во Кукушкиот Округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°7.20′N 22°30.40′E / 41.12000°N 22.50667°E / 41.12000; 22.50667
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Општ. единицаБојмица
Надм. вис.&1000000000000006500000065 м
Население (2021)[1]
  Вкупно111
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.61400
Повик. бр.23430-

Сехово или Сеово (грчки: Ειδομένη, Идомени, до 1926 г. Σέχοβο, Сехово[2]) — село во Гевгелиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 111 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се една половина од жителите.[3]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на самата граница со Р. Македонија, а на 20 км северно од градот Бојмица. Тука е граничниот премин Гевгелија - Сехово (Идомени) на железницата што води за Солун.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Во судски спор од 1724 г. во кој се разгледувала жалбата на жителите на Кукушката каза против ајани, Сехово е претставено од неговиот кмет (или полномошник) Иван, син на Веселин.[4]

Во XIX век Сехово било македонско село во Кукушката каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сеово (Seovo) било село во Кукушката (Авретхисарска) каза со 85 куќи сочинети од 394 жители Македонци.[5][6] По Руско-турската војна од 1877–78 г. народното училиште во Сехово е затворено лично од струмичкиот патријаршиски митрополит Агатангел Папагригоријадис.[7]

Во 1895–1896 г. во селото е основан комитет на ВМОРО.[8] Меѓу 1896 и 1900 г. селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[9]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сехово било село во Гевгелиската каза со 800 жители, сите Македонци.[5][10]

По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него проработела бугарската пропаганда.[11] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сехово (Sehovo) имало 1.120 Македонци под Егзархијата и работело бугарско училиште.[5][12]

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Сеово било македонско со 250 куќи.[13]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни во Цеово имало 170 куќи на Македонци христијани.[14]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението се намалило на само 150 жители бидејќи во војните поголем дел од жителите избегале, и еден дел се прибрал во Гевгелија.[3] Сехово нстрадало и во Првата светска војна кога бугарските воени власти ги иселиле жителите во внатрешноста на Бугарија. По војната во селото се вратил само еден дел од жителите кои го обновиле.[3] Во 1920 г. како такво е заведено со 235 жители.[3] Во 1924 г. се иселило уште едно семејство во Бугарија, а грчката власт тука населила грчки колонисти, претежно од Источна Тракија.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во „Идомени“ по античкиот град Идомене, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.[15] На пописот од 1928 г. Сехово се води како мешано староседелско-дојденско село со 532 жители, од кои 173 лица (49 семејства) биле грчки дојденци.[16]

За време на Граѓанската војна еден дел од Македонците се иселиле.[3]

Месности во Сехово преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г.
ИмеГрчкиНово имеГрчкиОпис
АсарΆσάρПалејаΠαλαιά[17]
Курт Ада[18]Κουρτ ΆντάЛиконисиΛυκονήσι[17]месност на ЈИ од Сехово по десниот брег на Вардар[18]
Дадо[18]ΝτάντοГријаΓρηά[17]месност на Ј од Сехово[18]
НасурΝασούρВојдоремаΒοϊδόρεμα[17]
Чаири[18]ΤσαΐριαЛивадиΛιβάδι[17]месност на ЈИ од Сехово по десниот брег на Вардар[18]
Крива Круша[18]Κρίβα ΚρούςАхладијаΑχλαδιά[17]месност на И од Сехово по десниот брег на Вардар[18]
Коџа Омерли[18]ΚατζαμαρλίКамбосΚάμπος[17]месност на З од Сехово и на С од Алчак[18]
Алчак[18]ΆλτσάκιПерасмаΠέρασμα[17]река и клисура на Ј од Алчак[18]
Нова Корија[18]Νόβα ΚουρίДасосΔάσος[17]возвишение на З од Сехово и на С од Алчак[18]
Мала Река[18]Μάλα ΡέκαПотамакиΠοταμάκι[17]река на СИ од Алчак, десна притока на Конска Река[18]
Дрок[18]ΝτρόκНерофагомаΝεροφάγωμα[17]горното течение на Мала Река[18]

Население

[уреди | уреди извор]

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 542 422 511 393 421 334 235 154 111
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. . Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece http://pandektis.ekt.gr/pandektis/handle/10442/168878. Посетено на 12 април 2021. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  3. 1 2 3 4 5 6 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 65. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. Влахов, Туше (1969). Кукуш и неговото историческо минало (PDF) (Второ допълнено. изд.). София: Наука и изкуство. стр. 42.
  5. 1 2 3 Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 168–169. ISBN 954-8187-21-3.
  7. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 13 – 14.
  8. „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 50, ISBN 954-9514-56-0
  9. Шалдевъ, Хр (1936). „Екзархъ Йосифъ I за задачата на Екзархията следъ 1887 год“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Илинденска организация. 9 (79): 1. Text " langx" ignored (help); Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  10. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 152. ISBN 954430424X.
  11. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
  12. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 194–195.
  13. Мисирков, Крсте (1 септември 1905). „Список села од iужна Мак'едонiа“ (PDF). Вардар. 1: 17–20.
  14. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 30.
  15. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  16. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  17. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1049. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  18. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]