Идомене

Од Википедија — слободната енциклопедија

Идомене (Idomene, Eidomene) e стар пајонски град што денес се укажува како наоѓалиштето Исар кај Марвинци, Валандово, Македонија. Рановизантискиот град сега се наоѓа на акрополата. Масивно е граден во стилот на емплектон. Тоа се познава по неговиот јужен ѕид инеколкуте масивни кули како и назападниот ѕид каде била изградена осамена кула – стража. Градот датира до VI век. Идомене бил најмоќниот јужен град во античка Македонија, во кој богати, ситуирани граѓани уживале во високоцивилизираното општество. Античката градска населба на Исарот, својот економски напредок, пред се, го обезбедувала преку земјоделството, сточарството, рударството, имајќи притоа на ум, со колкаво богатство на рудни наоѓалишта располага овој регион, како и грнчарството што како традиција се задржало и во римскиот период.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Geography of Ancient Paeonia: Vardar, Stobi, Alalcomenae, Damastion, Bylazora, Gordynia, Bargala, Idomenae, Antigonia, Deuriopus, Europos (англиски). Life Journey. ISBN 978-1156977989.

Поврзано[уреди | уреди извор]