Црква „Св. Недела“ - Либаово
Света Недела | |
---|---|
Αγίας Κυριακής | |
40°54′2″N 22°28′29″E / 40.90056° СГШ; 22.47472° ИГД | |
Место | Либаово, Ениџевардарско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | околу 1860 |
Управа | |
Епархија | Гуменџиско-бојмичко-ругуновска |
Света Недела (грчки: Αγίας Κυριακής) — црква во селото Либаово, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Црквата е гробишен храм во западниот дел на селото. Изграден е во првата половина на XIX век[1] или според други податоци во 1850[3] или околу 1860 г.[2] Претставува трикорабна базилика, типична за македонските цркви во своето време. Има внатрешни димензии од 7,6 × 13,1 м. Храмот има два влеза — од југ и од запад. Над трегера на южната стена е запазена камената плоча со траги од фреска на покровителката. Конхата на апсидата одвнатре е полукружна, а а однадвор е многуаголна со слепи лакови. Нишите на ѓаконикот и жртвеникот не излегуваат од источниот ѕид. Црквата е опожарена во 1928 г. и уништени се сите дрвени елементи внатре и надвор – тремот на запад и на југ, галеријата на запад, столбовите, дрвените тавани и резбаните елементи. Дрвеният покрив на храмот е обновен.[1]
Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „10. Ιερός ναός Αγίας Κυριακής Φιλυριάς“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2022-05-15. Занемарен непознатиот параметар
|access=
(се препорачува|access-date=
) (help); Недостасува права црта во:|access=
(help) - ↑ 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/24412/504/8-6-1987 - ΦΕΚ 378/Β/27-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-11. Посетено на 21 октомври 2014.
- ↑ „Φυλιριά - Ιερός Ναός Αγ.Κυριακής“. Enjoy Kilkis. Архивирано од изворникот на 2022-05-15. Посетено на 14 март 2018.