Прејди на содржината

Бјала (Варненска област)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бјала
Бяла
град
Поглед на девствените плажи крај градот
Поглед на девствените плажи крај градот
Бјала is located in Бугарија
Бјала
Бјала
Местоположба на Бјала во Бугарија
Координати: 42°53′18″N 27°53′20″E / 42.88833°N 27.88889°E / 42.88833; 27.88889
ЗемјаБугарија
ОбластВарна
ОпштинаБјала
Управа
 • ГрадоначалникПинко Марков (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна20,14 км2 (778 ми2)
Надм. вис.&1000000000000004200000042 м
Население (2022)
 • Вкупно2,274
 • Густина1,1/км2 (2,9/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски број9101
Повик. бр.+359 5143
Мреж. местоbyala.org

Бјала (бугарски: Бяла) — град на брегот на Црно Море и туристички центар на Бугарија. Речиси сите жители на градот се Македонци, доселени како бегалци од селото Бозец, Ениџевардарско, по грчкото заземање на Егејска Македонија. По податок од 2015 г. населението брои 2.274 жители.[1]

Градот е основан под името Аспрос во 4 век п.н.е. Спомнат е во османлиски регистар од 1731 г. како Ак Дере. Општината претставува дом на околу 3 400 жители од кои најголемиот број живее во општинскиот центар. Останатите жители живеат во околните населени места - с. Горица, с. Господиново, с. Дјулино, с. Попович и с. Самотино.

Бјала располага со пристаниште, летен театар, етнографски парк и палео-геолошките карпи „Белите Скали“. За љубителите на природниот туризам во близина се плажите на Кара дере и Иракли.

Фестивалот на Бјала се организира на 24 мај, денот на солунските браќа Кирил и Методиј.

Поврзано

[уреди | уреди извор]