Неделно училиште во Солун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот
Македонска револуционерна организација
Печат на Македонскиот комитет

Неделното училиште во Солун e воспитно - образовна институција на Македонската револуционерна организација, меѓутоа таа преставувала параван за затскриено агитирање од страна на организацијата меѓу солунското македонско население. Дамјан Груев истакнува дека Неделното училиште е прво дело на ТМОРО [1].

Не се знае кога точно е отворено Неделното училиште, Иван Хаџи Николов истакнува дека одлука за формирање на Неделното училиште е донесена за време на некоја од средбите од страна на основоположниците на организацијата.

Меѓутоа факт е дека ова училиште егзистирало во февруари 1894 година и тоа било сместено во покривот на зградата која била сметена до црквата Св. Димитрија.

Раководители на училиштето биле Дамјан Груев и Лазар Димитров додека пак училишните предавања ги изведуваал Иван Ачков [2].

Покрај основото сметање и читање се говорело за Француската револуција, обединувањето на Италија, Џузепе Гарибалди, вопошто за револуцијата.

Целата на отварањето на училиштето е да се покрене духот на населението и да се провери дали има погодна почва за делување меѓу населението во Солун, откако било потвредено дека почвата е погодна по два месеци училиштето било затворено.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. АМ. ф. 1953, Даме Груев, 1. 1241. 1. 42., оп. 1, ае, 5, л155.
  2. Л. Димитров, През време на учителствуването ми в Солун..., 5