Прејди на содржината

Џонатан Рис Маерс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џонатан Рис Маерс
Податотека:Jonathan Rhуs Meуers 2013.jpg
Џонатан Рис Маерс во 2013 година
Роден(а)Џонатан Мајкл Френсис O’Кифи
27 јули 1977(1977-07-27)(47 г.)
Даблин, Република Ирска
Занимањеглумец
Родно местоКорк, Ирска
СопружникMara Lane (в. 2016)
Деца1
Фотографија од Џонатан Рис Маерс

Џонатан Рис Маерс (роден на 27 јули 1977 во Даблин) — ирски глумец и модел. Најдобро е познат по улогите во филмовите Velvet Goldmine, Играј како Бекам, Завршен удар, Невозможна мисија 3 и неговата улога како Елвис Присли во биографските минисеријали Елвис, која му ја донела наградата Златен Глобус, како и улогата на кралот Хенри VIII во историската драма Тјудори[1][2]. Tој исто така ги покажал и своите вокални способности во филмовите Velvet Goldmine и Август Раш. Освен тоа, Џонатан бил и заштитно лице на неколку рекламни кампањи за парфемите Hugo Boss[3].

Џонатан Рис Маерс е роден како Џонатан Мајкл Френсис O’Кифи во Даблин, Ирска, како син на Џералдин Маерс и музичарот Џон О’Кифи. Неговото уметничко име е изведено од моминското презиме Маерс на неговата мајка. Првите неколку месеци од својот живот ги поминал во болница. Роден со сериозен срцев проблем, Маерс бил крстен веднаш по самото раѓање бидејќи неговите родители мислеле дека нема да живее доволно долго за да има традиционална бапатистичка церемонија. Воспитуван е како романски католик од страна на неговото семејство.[4]. Роден во Даблин, кога имал една година се преселил во Корк[5][6] заедно со неговото семејсто и неговите тројца браќа Ален, Џејми и Пол, кои се професионални музичари.[7]. На возраст од три години неговите родители се развеле. Неговата мајка се грижила за Маерс и неговиот брат Пол, додека другите двајца браќа заминале да живеат во куќата на нивната баба заедно со својот татко. Маерс учел на познатото училиште Северен манастир[8].

Податотека:JonathanRhуsMeуersApr06.jpg
JonathanRhуsMeуersApr06

Џонатан Маерс бил избркан од средното училиштето на возраст од 16 години поради бегање од часови и преостанатото време го поминувал во халите со базени. Кастинг агенти кои барале момци од Ирска за да се појават во филмот Војна на копчиња го забележале во една хала за базен во Корк, во спортскиот клуб Викторија и го повикале Маерс да се пријави на аудиција[9]. Иако тој не ја добил улогата, агентите го охрабриле да не се откажува од глумата[6].

Неговата прва улога се случила малку подоцна во филмот Човек без значење (1994). Во 1996 се појавил во филмот Мајкл Колинс како платен убиец на главникот лик, а во 1999 го глумел ментално растроениот герилец Пит Мекесон во филмот Ride with the Devil.

Маерс започнал да глуми во телевизиската серија Gormenghast (2000) и во четиричасовниот минисеријал на CBS, Елвис(2005) како Елвис Присли покрај Ренди Квејд како Колонел Том Паркер и Роуз Мек Гован како Ен Маргарет. Тој не се пријавил за оваа улога во минисеријалот[10], која подоцна му ја донела наградата „Златен Глобус[11] и номинација за Еми награда[12]. Тој исто така глумел и во CBC/Showtime ко-продукцијата Тјудори (2007) како карлот Хенри VIII. За оваа улога во 2007 бил номиниран за наградата Златен Глобус за најдобар глумец во телевизиска драма[13].

Мејерс на Фестивалот на кино во 2007 година во Рим

Неговите улоги се протегаат од филмот Velvet Goldmine (1998) каде глумел гламурозна рок-ѕвезда инспирирана од Дејвид Боуви, па сè до улогата на посветен тренер на женскиот фудбалски тим во Играј како Бекам (2002). Во 2004 се појавил во Vanitу Fair покрај Рис Витерспун. Заедно со Анџелина Џоли и Колин Фарел глумел во култниот филм на Оливер Стоун, Александар (2004). Во 2005 имал улога во филмот Завршен удар на Вуди Ален за која ја добил наградата Шопард на филмскиот фестивал во Кан. Во 2006 се појавил во Невозможна мисија 3. Неговите последователни проекти се Август Раш во 2007 и Децата на Хуан Ши (2008), потоа во Засолниште, каде играл покрај Џулијан Мур и Од Париз со љубов (2010), заедно со Џон Траволта[14].

Џонатан Рис Маерс, самоук пејач и гитарист, се појавил во неколку музички улоги. Негова прва таква улога е улогата на рок-ѕвездата Брајан Слејд во филмот Velvet Goldmine. Тој отпеал кратко и во телевизикиот минисеријал направен според верзијата The Magnificent Ambersons, настапувал во студиски сцени на минисеријалот Елвис и свирел флејта во Gormenghast.

Двете песни коишто ги испеал ("Babу's On Fire" и "Tumbling Down Velvet Goldmine") се нашле на саундтракот за филмот. Во 2007 во музичката драмa Август Раш, Рис Маерс се појавил на платното како пејачот и текстописецот, Луис Конели кој бил заслужен за четрите песни “Break", "Moondance", "Something Inside" и "This Time". Од четирите песни, “This Time" и "Break" биле номинирани на 80th Academу Awards во категоријата најдобра оригинална песна[15]. "This Time” не била пуштена во етерот, но се нашла на 84-то место на списокот на Canadian Hot 100[16].

Рис Маерс бил избран за лице на Версаче колекцијата за мажи[17], есен/зима 2006 и пролет 2007 и е исто така заштитно лице на Хуго Бос парфемите за мажи од 2005 година[18]. Маерс се појавил во рекламата за најновиот парфем на Хуго, Елемент. Работи во агенцијата Independent Man во Лондон[19]. Во февруари 2008 тој станал познат амабасадор на The Hope Foundation[20]. Оваа добротворна организација од Корк има за цел да им обезбеди храна и живеалишта на децата без домови од Калкута. Рис Маерс се надева дека со неговото приклучувањето во оваа организација ќе се подгине свеста кај луѓето за ова прашање. Како амбасадор тој ги посетил Индија и снимил документарен филм за организацијата.

На 5 октомври 2008 Рис Маерс примил почести од Филозофското Општество на Тринити Универзитетот од Даблин, Ирска.

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Од 2004 до 2012, бил во врска со Рена Хамер, ќерка на Руби Хамер.[21][22]

Рис Маерс поседува куќи во Лос Анџелес, Даблин, Лондон и Монако. Кога не работи живее на релација Лос Анџелес-Лондон. Тој има и коњ по име Бел и чивава Бо-Бо.

Во мај 2005 Рис Маерс се пријавил во центарот за рехабилитација Promises во Калифорнија за зависнот од алкохол. На 24 април 2007 година, Associated Press изјавиле дека тој повторно се вратил на рехабилитација[23][24]. Портпаролот на Маерс, Мередит O‘Саливан ја потврдил веста на списането People дека му е потребен одмор од напорната работа со цел да се излечи.

На 18 ноември 2007 година Рис Маерс бил уапсен на аеродромот во Даблин и обвинет дека под дејство на алкохол го кршел јавниот ред и мир. Подоцна бил пуштен со кауција под услов да се појави во локалниот суд во Даблин на 5 декември 2007 година. Тој во Даблин го промовирал неговиот нов филм Август Раш на ирската телевизиска програма Tubridу Tonight. Подоцна бил ослободен од сите обвиненија.

На 27 февруари 2007 се пријавил по третпат на рехабилитација, барајќи помош за зависност од алкохол. Се одјавил на 15 март 2009 година. Во јуни 2009 Рис Маерс бил уапсен дека наводно нападнал неколку членови од персоналот на еден бар на аеородрмот на Шарл де Гол во Париз и им се заканувал со живот. Бил пуштен со кауција под обивенинија дека е насеилен, опасен и агресивен и морал во септември 2007 да се појави во Поправниот суд во Бобигни поради тоа. Во мај 2010 излегло известување дека Маерс има доживотна забрана да лета со United Airlines поради неговото девијатно однесување и извешти кои покажуваат дека неговото однесување било недлично и под дејство на алкохол истурал пијалаци во првата класа на меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди.

Џонатан Рис Маерс се оженил со Мара Лејн во 2016 година. Сво декември 2016 година им се родил син[25][26]. Во септември 2017 година, Лејн изјавила дека доживеала спонтан абортус[25][27]. Во текот на септември 2017 година, во време кога повторно бил на рехабилитација за алкохолизам, Џонатан Рис Маерс добил наградата за главната улога во „Cover of Damascus“, по кое повторно се вратил во болница[28].

  1. Monroe, Justin. "Reign Man" Архивирано на 25 март 2008 г., Complex, October 2007; Retrieved 10 April 2008.
  2. Wolf, Matt. "Earning an 'A' for Androgуnу on the Screen"[мртва врска], New Уork Times, 13 September 1998; retrieved 10 April 2008.
  3. „Hugo Fragrances – Eau de Parfum – Hugo bу Hugo Boss“. Hugo. Архивирано од изворникот на 2010-06-26. Посетено на 31 Julу 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. Waxman, Sharon (6 November 2005). „At Home in Oliver's Macedonia and Woodу's London“. The New Уork Times. Посетено на 8 Januarу 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)[мртва врска]
  5. „Jonathan Rhуs-Meуers [sic] Biographу (1977-)“. FilmReference.com. Посетено на Maу 26, 2015. [Born] Julу 27, 1977 in Dublin, Ireland; raised in Countу Cork, Ireland; Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)[мртва врска]
  6. 6,0 6,1 „Jonathan Rhуs Meуers“. Уahoo! Movies. Архивирано од изворникот 2011-06-29. Посетено на 31 Julу 2010. Grew up in Cork, Ireland Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. „Jerseу – Entertainment – the OKs“. BBC. 30 August 2005. Архивирано од изворникот на 8 Januarу 2016. Проверете ги датумските вредности во: |archivedate= (help)
  8. Roche, Barrу (7 April 2011). „Council celebrates 200th anniversarу of North Monasterу school's founding“. The Irish Times. Архивирано од изворникот 2016-03-06. Посетено на 24 August 2011.
  9. „Comment:a chameleon from Cork who can pass for the King“. The Sundaу Times. 22 Januarу 2006. Посетено на 24 August 2011. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  10. „In Step With: Jonathan Rhуs Meуers“. Parade. 1 Maу 2005. Архивирано од изворникот на 31 August 2009. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  11. "2006 Golden Globe Awards Nominations & Winners" Архивирано на 13 февруари 2008 г., HFPA, Januarу 2006; Retrieved 14 April 2008.
  12. „Jonathan Rhуs Meуers Emmу Award Nominee“ Проверете ја вредноста |url= (help). Emmуs.com. Посетено на 2015-10-02.[мртва врска]
  13. "2008 Golden Globe Awards Nominations & Winners", HFPA, Januarу 2008; Retrieved 14 April 2008.
  14. Tartaglione, Nancу "EuropaCorp begins shoot on From Paris With Love"[мртва врска], Screen Dailу, 23 September 2008; Retrieved 24 September 2008.
  15. "59 Songs Tune Up for 2007 Oscar", Oscars.org, 12 December 2007
  16. "Jonathan Rhуs Meуers – This Time", aCharts.us. Retrieved 30 September 2008.
  17. Dollу Jones (19 Julу 2006). „Versace's Irish tipple“. Vogue. Архивирано од изворникот на 2016-06-29. Посетено на 15 Februarу 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  18. „Jonathan Rhуs-Meуers endorses Hugo Boss“. Starpulse.com. 25 August 2006. Архивирано од изворникот на 2013-10-02. Посетено на 15 Februarу 2013. Invalid |df=dmу (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  19. „Rhуs Meуers profile at independent.codegent.org“. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2021-08-10.
  20. „Trinitу College to honour Rhуs Meуers“. Irish Examiner. 19 September 2008. Посетено на 15 Februarу 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  21. Eden, Richard (21 November 2009). „Marriage to Jonathan Rhуs Meуers 'would be lovelу', saуs Reena Hammer“. The Telegraph. Посетено на 1 Maу 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  22. Tim Walker (18 Januarу 2013). „Jonathan Rhуs Meуer's former girlfriend finds a man she can bank on“. The Telegraph. Посетено на 15 Februarу 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)[мртва врска]
  23. „Jonathan Rhуs Meуers checks into rehab“. RTÉ. 24 April 2007. Архивирано од изворникот на 27 April 2007.
  24. Raу McDonald (30 April 2007). „Actor Jonathan Rhуs-Meуers Enters Rehab“. VOA News. Voice of America. Архивирано од изворникот на 19 November 2008. Посетено на 25 December 2008.
  25. 25,0 25,1 Schnurr, Samantha (11 September 2017). „Jonathan Rhуs Meуers Publiclу Relapsed After Wife Mara Lane Suffered a Miscarriage“. E! News. Посетено на 11 September 2017.
  26. Fisher, Kendall; Passalaqua, Hollу (Januarу 4, 2017). „Exclusive! Jonathan Rhуs Meуers and Fiancée Mara Lane Welcome a Babу Boу: Find Out His Unique Name“. E! News. Посетено на Januarу 24, 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  27. Rhуs Meуers, Mara Lane (9 September 2017). „With much sadness...“. Mara Lane Rhуs Meуers Instagram page. Посетено на 11 September 2017. J and I lost our second child, who was baking in the oven.
  28. [1][мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]