Петар Лубарда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Петар Лубарда
Petar Lubarda 2007 Serbian stamp.jpg
Петар Лубарда на поштенска маркица во 2007
издадена од Српски Пошти
Роден(а)27 јули 1907(1907-07-27)
Љуботињ, Кнежевство Црна Гора
Починал(а)13 февруари 1974(1974-02-13) (возр. 66)
Белград, Србија, Југославија

Петар Лубарда (српски: Петар Лубарда 27 јули 1907 – 13 февруари 1974) бил српски и југословенски сликар, редовен член на САНУ, и надворешен член на ЈАЗУ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Биста на Лубарда во Херцег Нови

Основно школо посетувал во Љуботињ, Цетиње и Херцег Нови, додека гимназија во Херцег Нови, Шибеник, Сињ и Никшиќ каде и започнал да слика. Студиите по сликарство ги започнал во 1925 година во Уметничката школа во Белград, а на кратко и во Париз во 1926 година, на Académie des Beaux Arts. Во Црна Гора се вратил во 1932 година, и истата година доаѓа во Белград. Во Париз по вторпат престојува од 1938 година до 1940 година.

Првата самостална изложба ја одржал во 1925 година во Никшиќ а потоа во 1927 година и 1929 година во Париз и Рим. Од 1927 година учествувал на многобројни колективни изложби во земјата и странство. Коресподентен член на Српската академија на науки и уметности станал во 1959 година, а редовен во 1961 година. Во САНУ оставил писмо во кое бара при секое негово излагање на неговите дела, задолжително да се нагласи дека по народност е Србин[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]