Димитар Циев
| Димитар Циев | ||
| Роден | 1939
Струмица, СР Македонија, СФРЈ | |
|---|---|---|
| Починал | 27 јули 2010
Охрид | |
| Занимање | одбојкар професор | |
Димитар Циев (роден на 1939 во Струмица - 27 јули 2010 во Охрид) — поранешен југословенски и македонски одбојкар и прв селектор на Македонската одбојкарска репрезентација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Одбојкарските кариера Циев ја започнал во Струмица. По завршувањето на средното образование, тој заминал на студии во Белград, каде и продолжил да се занимава со одбојка. Во Белград завршил Факултет за физичка култура. По дипломирањето се вратил во родната Струмица и го формирал одбојкаркиот клуб „Југославија“, во кој бил активен одбојкар, а подоцна и тренер.
Во својата богата тренерска кариера, Циев бил тренер во одбојкарските клубови во Струмица, Штип, Берово, Велес, Пробиштип и Скопје.
По осамостојувањето, во периодот од 1991 до 1997 година, Димитар Циев бил прв селектор на Македонската одбојкарска репрезентација и паралелно со тоа активно бил вклучен во работата на органите и телата на Одбојкарската Федерација на Македонија (ОФМ).
Во следните години бил професор на факултетот за физичка култура, сè во 2004 година кога заминал во пензија[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]| „Димитар Циев“ на Ризницата ? |