Владо Илиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Владо Илиевски
Владо Илиевски
Владо Илиевски
Прекар(и) Влатко
Позиција плејмејкер
Висина 1.88 м
Тежина 84 кг
Лига Лега Баскет Серие А
Екипа Капо Д’Орландо
Роден 19 јануари 1980 (1980-01-19) (воз. 36 г.)
СтрумицаСР Македонија
Националност Македонец
Драфт не, 2002
Проф. кариера 1998–
Натпрев. историја
  • Неметали Огражден (1998)
  • Партизан (1998–00)
  • Антбирлик Анталија (2000–01)
  • Унион Олимпија (2001–03)
  • Барселона Регал (2003–05)
  • Лотоматика Рома (2005–06)
  • ВидиВичи Болоња (2006–07)
  • Монтепаски Сиена (2007–08)
  • Унион Олимпија (2008–09)
  • Тау Керамика (2009)
  • Унион Олимпија (2009–11)
  • Анадолу Ефес (2011)
  • Локомотив Кубањ (2012)
  • Цедевита (2012-2013)
  • ЧЕЗ Нимбурк (2013-2014)
  • Цибона (2014-2015)
  • Капо Д’Орландо (2015-)

Владо „Влатко“ Илиевски (роден 19 јануари 1980 во Струмица) е македонски кошаркар. Во својата кариера, тој настапувал за повеќе клубови од Европа, а бил и член на Македонската кошаркарска репрезентација.

Тој е висок 190 см и тежок 82 кг. Игра на позиција плејмејкер.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Во текот на својата професионална кариера, Илиевски настапувал за следниве клубови:

  • Неметали Огражден (младинци) - 1998
  • Партизан Белград Србија - 1998/2000
  • Антбирлик Анталија Турција - 2000/2001
  • Унион Олимпија Словенија - 2001/2003
  • Барселона Шпанија - 2003/2005
  • Лотоматика Рома Италија - 2006/2007
  • Монтепаски Сиена Италија - 2007/2008
  • Унион Олимпија Словенија - 2008/2009
  • Тау Керамика Шпанија - 2009
  • Унион Олимпија Словенија - 2009/2011
  • Анадолу Ефес Турција - 2011
  • Локомотив Кубањ Русија - 2012
  • Цедевита Хрватска - 2012/2013
  • ЧЕЗ Нимбурк Чешка - 2013/2014
  • Цибона Хрватска - 2014/2015
  • Капо Д’Орландо Италија - 2015/

Во мај 2008 година, Илиевски настапувал во полуфиналето („фајнал-форот“) на Евролигата, каде неговиот клуб „Сиена Монтепаски“ бил поразен од „Макаби Тел Авив“, но го освоил третото место во мечот против „Тау Керамика“. По завршувањето на Европското првенство, немајќи потпишано договор со ниту еден клуб, одредено време Илиевски тренирал во клубот „Хелиос“ од Домжале, Словенија.[1]

По настапот за чешкиот „Нимбурк“ во сезоната 2013-2014, во ноември 2014, Илиевски потпишал за загребскаЦибона“.[2] Во дресот на „Цибона“, Илиевски дебитирал на 9 ноември 2014 година, во натпреварот со „Крка“ во АБА-лигата при што постигнал осум поени.[3]

Во јули 2015, Владо потпишал за италијанскиот клуб Капо Д’Орландо.[4]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, на Европското првенство во Литванија го постигнал најголемиот успех со македонската репрезентација, освојувајќи го четвртото место. На тоа првенство, Илиевски бил еден од најзаслужните за постигнатиот успех и се прославил со постигнувањето на решавачката „тројка“ во четвртфиналниот натпревар против Литванија, како и со изјавата „леле, што направивме“. Потоа, Илиевски најавил повлекување од репрезентативниот дрес, но повторно настапил за Македонија на Европското првенство во Словенија, одржано во септември 2013 година. За време на завршниот турнир во групната фаза во Загреб - Хрватска, Владо бил вториот играч со најмногу поени во македонската репрезентација односно имал 45 поени на пет натпревари (9 по натпревар).[5] По елиминацијата на Македонија во групната фаза, Илиевски се повлекол од репрезентацијата.[6][7][8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Илиевски тренира со Хелиос“, Дневник, број 5291, година XVII, среда, 16 октомври 2013, стр. 27.
  2. „Илиевски потпиша за Цибона“, Дневник, година XVIII, број 5612, сабота-недела, 8-9 ноември 2014, стр. 22.
  3. „Победа и осум поени за Илиевски во дебито за Цибона“, Дневник, година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 22.
  4. Илиевски се пресели во Италија, потпиша за Капо Д’Орландо ekipa.mk 10 јули 2015
  5. Accumulated Stats eurobasket2015.org
  6. Владо Илиевски во солзи се прости од репрезентацијата zazabava.com 10 септември 2015
  7. Владо Илиевски се збогува од Македонската репрезентација 365.com.mk 11 септември 2015
  8. Владо Илиевски: Се надевам дека ќе продолжам да бидам дел од македонската кошарка derbi.mk 13 септември 2015

Надворешни врски[уреди | уреди извор]