Стојан Ѓуроски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стојан Ѓуроски
ПозицијаКрило
Крилен центар
Висина2,03 м
Тежина93 кг
ЛигаВтора француска кошаркарска лига
ЕкипаХуеска
Роден6 ноември 1991 (1991-11-06) (27 г.)
Гостивар, Македонија
НационалностМакедонец
Средно училиштеЛајф Сентер Академија
(Life Center Academy)
(Бурлингтон, Њу Џерси)
КолеџЛуизијана Тек (2010-2014)
Проф. кариера2014–
Кариера
2014-2015Левски
2015Работнички
2016Кожув
2016-17МЗТ Аеродром
2017Карпош Соколи
2017–2018Блокотехна
2018-2019Хуеска
2019Мелиља
2019-Евру Баскет
Инфо од: 25.08.2018.

Стојан Ѓуроски (роден на 6 ноември 1991 во Гостивар) — македонски кошаркар. Тој моментално е играч на францускиот второлигаш Алм Евру Баскет. Стојан е помал брат на поранешниот кошаркар Младен Ѓуроски.

Колеџ кариера[уреди | уреди извор]

За време на студентските денови, од 2010 до 2014 година, Стојан Ѓуроски настапувал за кошаркарската екипа на Луизијана Тек Универзитетот од Рустон, Луизијана, САД.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Неговиот прв клуб во неговата професионална кариера бил бугарски Левски, за кого настапувал во сезоната 2014/15.[1] Во август 2015 година, Ѓуроски заминал од Левски и на крајот на септември потпишал отворен договор со Работнички.[2][3][4] Како играч на Работнички станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015. Во Работнички играл се до крајот на декември, кога продолжил во Кожув.[5][6][7] Во октомври 2016 година, Ѓуроски потпишал за МЗТ Аеродром.[8][9] Со МЗТ го освоил Првенството 2016/17. Во август 2017 година, Стојан Ѓуроски потпишал за Карпош Соколи.[10][11] Поради финансиската криза во клубот, Ѓуроски во ноември го напуштил Карпош Соколи.[12] Веднаш потоа во декември се преселил во Блокотехна.[13][14] За сезоната 2018/19, односно во август, Стојан потпишал за шпанскиот второлигашки клуб Хуеска.[15][16] Во мај 2019 година, односно во пресрет на второлигашките баражи за првата шпанска лига - Лигата АЦБ, Ѓуроски се преселил во Мелиља.[17][18] Во баражите, Ѓуроски и Мелиља бил поразен во полуфиналето.[19] Во август 2019 година, Ѓуроски потпишал за францускиот второлигаш Алм Евру Баскет.[20][21]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Ѓуроски станал за прв пат член на македонската А репрезентација за време на Евробаскетот 2013. Со Македонија има учествувано и на Евробаскетот 2015. Учествувал во неуспешните квалификации за пласман на Евробаскетот 2017. Со Македонија не успеал да ги помине претквалификациите, одржани летото 2017, за пласман на Светското првенство 2019.

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Особен придонес во сезоната 2017/18[22]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ѓуроски го обезбеди првиот професионален договор“, Pixel.mk, 6 август 2014 (посет. 12 јануари 2018 г).
  2. Ѓуроски си заминува од Левски“, Pixel.mk, 26 август 2015 (посет. 12 јануари 2018 г).
  3. Ѓуроски пред потпис на „отворен договор“ со Работнички“, ekipa.mk, 24 септември 2015 (посет. 12 јануари 2018 г).
  4. Репрезентативецот Ѓуроски ќе го засили Работнички!?“, sport365.mk, 24 септември 2015 (посет. 12 јануари 2018 г).
  5. Ѓуроски го замени Работнички за Кожув“, ekipa.mk, 31 декември 2015 (посет. 12 јануари 2018 г).
  6. Го одигра дербито и замина: Стојан Ѓуроски е нов играч на Кожув!“, sportmedia.mk, 31 декември 2015 (посет. 12 јануари 2018 г).
  7. Кожув не се шегува: Пристигна и репрезентативецот Ѓуроски!“, sport365.mk, 31 декември 2015 (посет. 12 јануари 2018 г).
  8. МЗТ го потврди трансферот, Стојан Ѓуроски официјално стана „штрк“!“, gol.mk, 27 октомври 2016 (посет. 12 јануари 2018 г).
  9. Ѓуроски и МЗТ во „отворена“ врска“, sportmedia.mk, 27 октомври 2016 (посет. 12 јануари 2018 г).
  10. Стојан Ѓуроски ги засили „соколите““, gol.mk, 7 август 2017 (посет. 12 јануари 2018 г).
  11. Соколи потпишаа со Ѓуроски“, sportmedia.mk, 7 август 2017 (посет. 12 јануари 2018 г).
  12. Странците први одлетаа, се ближи ли крајот на Карпош соколи?“, ekipa.mk, 19 ноември 2017 (посет. 12 јануари 2018 г).
  13. Стојан Ѓуроски потпиша за Блокотехна“, ekipa.mk, 14 декември 2017 (посет. 12 јануари 2018 г).
  14. Ѓуроски продолжува во Блокотехна“, sportmedia.mk, 14 декември 2017 (посет. 12 јануари 2018 г).
  15. Ѓуроски се сели во Шпанија“, ekipa.mk, 23 август 2018 (посет. 25 август 2018 г).
  16. Стојан Ѓуроски во шпанската Хуелва“, sportmedia.mk, 23 август 2018 (посет. 25 август 2018 г).
  17. Мелиља, нов клуб на Ѓуроски“, sportmedia.mk преку web.archive.org, 7 мај 2019 (посет. 3 август 2019 г).
  18. Ѓуроски ќе ѝ помага на Мелиља да влезе во АЦБ-лигата“, gol.mk преку web.archive.org, 7 мај 2019 (посет. 3 август 2019 г).
  19. Ѓуроски не успеа, Мелиља остана без финале“, basketball.mk преку web.archive.org, 2 јуни 2019 (посет. 3 август 2019 г).
  20. Стојан Ѓуроски се сели во Франција“, ekipa.mk преку web.archive.org, 1 август 2019 (посет. 3 август 2019 г).
  21. Стојан Ѓуровски ја напушти Шпанија и потпиша за францускиот Алм Евро Баскет“, gol.mk преку web.archive.org, 2 август 2019 (посет. 3 август 2019 г).
  22. Prva Liga - season 2017-2018“, eurobasket.com (посет. 12 јуни 2018 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]