Прејди на содржината

Димитар Караџовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Караџовски
Караџовски во дресот на КК Куманово
Караџовски во дресот на КК Куманово
ПозицијаРазигрувач
Бек
Висина1,90 м
Тежина85 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубРаботнички
Број6
Роден7 октомври 1984(1984-10-07)(40 г.)
СкопјеСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2002–
Клубови
2002–2005МЗТ Аеродром
2005–2007Унгменафелагио Скалагримур
2007–2008Стјарнан
2008–2009Пелистер
2009-2010Торус
2010–2011Рилски Спортист
2011–2012Торус
2012-2014Кожув
2014-2015Фени Индустри
2015-2018Куманово
2018-2019Работнички
2019-2021Кожув
2021Работнички
2021-Пелистер
Репрезентација
Инфо од: 17.02.2022.

Димитар Караџовски (роден на 7 октомври 1984 во Скопје) — македонски кошаркар и поранешен член на македонската машка репрезентација. Тој настапува за кошаркарскиот клуб Пелистер.

Клупски настапи

[уреди | уреди извор]

Кариерата ја започнал во МЗТ Аеродром 2000 во сезоната 2002/03.[1] Следната сезона со МЗТ Аеродром го освоил Суперкупот 2003, и станал вицепрвак во Првенството.[2] Сезоната 2004/05, Караџовски со МЗТ Аеродром стигнал до полуфиналето на Лигата.[3] Во 2005 година, Караџовски го напуштил МЗТ Аеродром и се преселил во исландски Скалагримур.[4] Во првата сезона, Караџовски со Скалагримур завршил на четвртото место во исландската лига.[5] Во сезоната 2006/07, со истиот клуб,[6] Караџовски повторно завршил на четвртото место.[7] Следната сезона 2008/09, тој останал да игра во исландската лига, но во друг клуб - Стјарнан.[8] На крајот на сезоната, поради обвинение за кражби и неговото апсење, клубот Стјарнан му врачил отказ.[9][10] За сезоната 2008/09, Караџовски потпишал за Свислион Пелистер,[11] со кој станал вицепрвак во Купот на Македонија 2009. Таа сезона во 2008 година, односно во првата полусезона, го остварил својот прв трипл дабл.[12] За сезоната 2009/10, Караџовски се преселил во Торус.[13][14] Со Торус, Караџовски повторно станал вицепрвак во Купот.[15] Во следната сезона, Караџовски настапувал во бугарски Рилски Спортист,[16] со кој станал вицепрвак во Балканската лига.[17] За сезоната 2011/12, тој се вратил во Торус.[18] По распадот на Торус, за следната сезона, Караџовски потпишал за Кожув.[19] Тој со Кожув станал вицепрвак во Првенството. За сезоната 2013/14, Караџовски останал во Кожув.[20] За сезоната 2014/15, Караџовски се преселил во Фени Индустри.[21][22] Таму играл сè до полусезоната, кога потоа потпишал за Куманово 2009.[23][24] Со Куманово, Караџовски станал вицепрвак во Лигата. Караџовски останал во Куманово и за следната сезона.[25][26] Во таа сезона тој повторно станал вицепрвак во Првенството. За сезоната 2016/17, Караџовски ја продолжил соработката со Куманово.[27][28] Караџовски со Куманово стигнал до полуфиналето во Купот 2018. Во пресрет на Супер лигата од сезоната 2017/18, Димитар Караџовски се преселил од Куманово 2009 во Работнички.[29][30] Во таа сезона, Караџовски за првпат го освоил Првенството, откако со Работнички станал првак. Со Работнички, Караџовски го освоил Купот 2019, додека во Првенството 2018/19 бил вицепрвак. Димитар ја променил средината и потпишал по вторпат за Кожув за сезоната 2019/20.[31][32] На крајот на мај 2020 година, за сезоната 2020/21, тој ја продолжил соработката со Кожув.[33] На 20 јануари 2021 година, Караџовски стигнал до својот втор трипл дабл во македонското првенство. Тој тогаш завршил со 15 бода, 10 скокови и 11 додавања.[12] Во средината на април 2021 година, Караџовски се преселил во Работнички.[34][35]

Репрезентативни настапи

[уреди | уреди извор]

Димитар Караџовски бил во македонската репрезентација за време на квалификациите за Евробаскетот 2011. Со Македонија учествувал и на Средоземните игри 2013 во Мерсин, Турција.[24] Караџовски учестувувал и на квалификациите за Евробаскетот 2017.[36]

Македонија МЗТ Аеродром

[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички

[уреди | уреди извор]

Признанија

[уреди | уреди извор]
  • Eurobasket.com - Бек на сезоната (2012г.)
  • Eurobasket.com - Прва најдобра петорка на сезоната (2012г.)
  • Eurobasket.com - Почесно споменување во сезоната (2013г.)
  • Eurobasket.com - Почесно споменување во сезоната (2014г.)
  • Eurobasket.com - Почесно споменување во сезоната (2015г.)
  • Особен придонес во сезоната 2015/16[37]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2016/17[38]
  • Почесно споменување во сезоната 2016/17[38]
  • Трета најдобра петорка на сезоната 2019/20[39]

  1. "Металците" и шампионот со нови победи“. vest.com.mk. 2 декември 2002. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
  2. „Караџовски погаѓаше кога најмногу требаше“. dnevnik.com.mk. 6 мај 2004. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
  3. „Вардар Осигурување и Фершпед Работнички во финале“. vest.com.mk. 12 мај 2005. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
  4. „Књазев во Кувајт, Караџовски на Исланд“. dnevnik.com.mk. 2005. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 23 септември 2016.
  5. „Iceland Express League 2005-06“. eurobasket.com. Посетено на 23 септември 2016.
  6. „Skallagrímur lagði Fjölni“. visir.is. 3 ноември 2006. Посетено на 23 септември 2016.
  7. „Iceland Express League 2006-07“. eurobasket.com. Посетено на 23 септември 2016.
  8. „Stjarnan basketball team - season 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 23 септември 2016.
  9. „Краделе по соблекувални“. vest.com.mk. 11 април 2008. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
  10. „Топ 5 необични откази“. vest.com.mk. 5 август 2011. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
  11. „Битолчани флит за Ф.Работнички“. vecer.mk. 12 април 2009. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
  12. 12,0 12,1 „„Трипл-дабл" на Караџовски, Кожув го среди и Вардар!“. gol.mk преку web.archive.org. 20 јануари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-02-06. Посетено на 6 февруари 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  13. „Хелд и Крстевски остануваат во Пелистер“. vest.mk. 1 септември 2009. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
  14. „Торус соѕида петта победа“. vecer.mk. 9 ноември 2009. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
  15. „Фени го врати трофејот во Кавадарци“. vest.mk. 29 март 2010. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
  16. „Караџовски замена за Петровски во бугарски Рилски“. dnevnik.mk. 17 август 2010. Посетено на 24 септември 2016.[мртва врска]
  17. „Кавадарчани го покорија Балканот“. dnevnik.mk. 18 април 2011. Посетено на 23 септември 2016.[мртва врска]
  18. „Караџовски се врати во Торус“. sport.com.mk. 18 јули 2011. Посетено на 24 септември 2016.[мртва врска]
  19. „Караџовски потпиша за Кожув“. ekipa.mk. 18 август 2012. Посетено на 24 септември 2016.[мртва врска]
  20. „Кожув ги задржа Караџовски и Пенов“. ekipa.mk. 11 јули 2013. Посетено на 24 септември 2016.[мртва врска]
  21. „Караџовски потпиша со Фени индустри“. ekipa.mk. 21 јули 2014. Посетено на 24 септември 2016.[мртва врска]
  22. „Караџовски нов играч на Фени“. kavadar4e.com. 22 јули 2014. Посетено на 24 септември 2016.
  23. „Караџовски ќе го разигрува Куманово“. ekipa.mk. 18 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-05-02. Посетено на 24 септември 2016.
  24. 24,0 24,1 „Димитар Караџовски е нов играч на КК Куманово“. tip.com.mk. 18 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-07-09. Посетено на 24 септември 2016.
  25. „Куманово го задржа и Караџовски“. ekipa.mk преку vesti.mk. 12 август 2015. Посетено на 24 септември 2016.[мртва врска]
  26. „Караџовски останува во Куманово, Нешовиќ со камбек во Кожув“. sport365.mk преку daily.mk. 12 август 2015. Посетено на 24 септември 2016.
  27. „Костоски: Одам по трета среќа Кожув“. sportmedia.mk. 1 септември 2016. Посетено на 24 септември 2016.
  28. „Костоски и Караџовски уште една година во Куманово“. ekipa.mk. 1 септември 2016. Архивирано од изворникот на 2016-09-03. Посетено на 24 септември 2016.
  29. „Работнички го договори Димитар Караџовски од Куманово“. gol.mk. 27 март 2018. Посетено на 28 март 2018.
  30. „КАРАЏОВСКИ ПРЕСЕЧЕ: Си заминувам од Куманово – изборот е Работнички!“. sportmedia.mk. 27 март 2018. Посетено на 28 март 2018.
  31. „Кожув потпиша со четири македонски репрезентативци“. ekipa.mk преку web.archive.org. 26 јули 2019. Посетено на 26 јули 2019.
  32. „Кожув во еден ден купи нова петорка: Доведени четири репрезентативци и еден Американец“. gol.mk преку web.archive.org. 26 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-26. Посетено на 26 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  33. „Нови договори за двајца Македонци во Кожув“. ekipa.mk преку web.archive.org. 30 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-02. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  34. „Работнички го доведе и Караџовски, се создава тим за титула“. ekipa.mk преку web.archive.org. 15 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-20. Посетено на 20 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  35. „Работнички во „пет до дванаесет" го врати Караџовски“. gol.mk преку web.archive.org. 16 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-20. Посетено на 20 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  36. „КОШАРКА, КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2017: Репрезентацијата од вечерва во погон“. telegraf.mk. 18 јули 2016. Посетено на 24 септември 2016.[мртва врска]
  37. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2016“. eurobasket.com. 28 мај 2016. Посетено на 4 август 2018.
  38. 38,0 38,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2017“. eurobasket.com. 29 мај 2017. Посетено на 7 февруари 2018.
  39. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]