КК Алба Берлин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алба Берлин
Alba Berlin logo.png
ПрекарБерлин Албатрос
ЛигаБундеслига
Основан1991; пред 28 години (1991)
ИсторијаАлба Берлин
(1991–денес)
СалаМерцедес-Бенц Арена
Сала Капацитет14,500[1]
ЛокацијаБерлин, Германија
ПретседателДитер Хауерт
Тим менаџерМарко Балди
ТренерАјто Гарсија Ренесес
Прваци1 Куп Корач
8 Бундеслига
9 Куп на Германија
3 Суперкуп на Германија
Повлечени броеви2 (4, 12)
Веб-сајтalbaberlin.de
Дресови
Kit body blacksides.png
Домашен jersey
Kit shorts blacksides.png
Team colours
Домашен
Kit body yellowsides.png
Гостински jersey
Kit shorts yellowsides.png
Team colours
Гостински


КК Алба Берлин (исто така познат како Берлин Албатрос) е познат германски професионален кошаркарски клуб со седиште во Берлин, Германија. Моментално се натпреварува во најсилната германска кошаркарска лига, Бундеслигата. Клубот е основан во 1991 година и денес е најголем германски кошаркарски клуб според бројот на членови.

Со освоени осум титули германски шампион, девет купа, три суперкупа и Купот на Радивој Корач во 1995 година, АЛБА Берлин се смета за најуспешен германски кошаркарски тим, и во земјата и во странство. Во 2014 година, клубот бил исто така првиот германски кошаркарски тим кој победил екипа од НБА, совладувајќи ги тогашните шампиони Сан Антонио Спарс.

Алба Берлин својте домашни натпревари ги игра во Мерцедес-Бенц Арената. Со просечна посетеност од повеќе од 10.000 навивачи по натпревар во една сезона, клубот е исто така еден од најпопуларните кошаркарски клубови во Европа. Во 2013 година Алба бил прикажана во документарната серија "Кошаркарски престолнини" на ESPN.

Историја[уреди | уреди извор]

1991-2000: Основање и освојувањето на првите национални титули[уреди | уреди извор]

Алба Берлин е основана во 1991 година заменувајќи го БГ Шарлотенбург, кошаркарски клуб од западен Берлин кој бил основан во 1989 година. Во 1991 година, кога глобалната компанија за рециклирање, Алба АГ, се согласила да биде значаен кошаркарски спонзор, клубот БГ Шарлотенбург го променил своето име во Алба Берлин.

Кратко потоа, под водство на тренерот Фарук Куленовиќ, Алба Берлин станала финалист на германското првенство. Во 1993 година, српскиот тренер Светислав Пешиќ ја презел функцијата во Алба, а клубот заработил успеси кои ниту еден друг германски кошаркарски тим претходно не ги постигнал. Освојувањето на Купот на Радивој Корач во 1995 година била првата меѓународна титула која ја освоил некој германски клуб во кошарка.

Во 1996 година, кратко време по преместувањето на клубот од Зомерминхал во Макс Шмелинг Хале, Алба Берлин конечно успеала да го победи неколку години последователниот шампион Бајер Леверкузен и ја освоиле својата долгоочекувана прв шампионска титула во германско првенство.

2000-2008: Професионализација и национален успех[уреди | уреди извор]

Под водство на тренерот Емир Мутапчиќ екипата освоила три германски шампионати и два германски купа, но на европско ниво клубот не можел да направи значителен напредок. Како реакција на периодот без титули, екипата била во голема мера реконструирана за секоја нова сезона. Во 2004 и 2005 година, Алба не успеала да стигне дури ни до финалето на плејофот во националното првенство, испаѓајќи во полуфиналната серија. Организационо, клубот ја создал новата позиција на тимски менаџер, кој била окупирана од Хенинг Харниш. Понатаму, професионалниот дел од клубот бил трансформиран во GmbH на 1 септември 2005 година.

Во сезоната 2005-2006, под водство на новиот тренер Хенрик Редл, Алба Берлин освоила уште еден Куп на Германија. Како победник во регуларниот дел од сезоната, тимот стигнал до финалето на плејофот, во кое загубиле од РајнЕнерги Келн. Тренер на Келн во тоа финале бил Саша Обрадовиќ, кој како играч и помогнал на Алба да го освои Купот на Радивој Корач во 1995 година. Следната сезона, 2006-2007, Алба Берлин повторно била победник на регуларниот дел од сезоната, но тие биле елиминирани уште во четвртфиналето на плајофот од Артланд Драгонс. Овој настан довел до отпуштање на Редл и потпишување на нов тренер Лука Павичевиќ, по што следело уште едно поголемо преуредување на тимот. По проблемите со повреди во подготовките и текот на сезоната сезоната 2007-2008, (вклучувајќи ја и загубата на Горан Јеретин за целата сезона и Александар Рашиќ за плејофот) во јануари 2008 година берлинскиот клуб ја искористил несолвентноста на Келн Најнтинајнерс и ги ангажирал нивните главни играчи Имануел МекЕлрој и Александар Наџфеји. Предводени од Џулиус Џенкинс, МВП-то на Бундеслигата, тимот бил супериорен во однос на сите други противници во плејофот и го освоил шампионатот повторно по петгодишна пауза.

Во сезоната 2003-2004, Алба Берлин ја избори својата последна квалификација за учество во највисокото европско натпреварување, Евролигата. Од сезоната 2004-2005 до 2007-2008, екипата била во можност да се натпреварува "само" во УЛЕБ купот, второто највисоко европско натпреварување.

2008-2016: Тековна ера[уреди | уреди извор]

Со преселба во новоизградената сала О2 World Berlin која има капацитет од 14.500 места, тогашниот актуелен шампион Алба Берлин отворил ново поглавје во историјата на клубот. Тој бил првиот германски тим во историјата, кој во просек имал повеќе од 7.000 навивачи на натпревар. Така, менаџерот на Алба, Марко Балди и претседателот на надзорниот одбор, Аксел Швајцер, одлучиле да го направат следниот чекор кон постојано присуство во меѓународните натпреварувања и соодветни презентациски опции. Групата Аншуц, сопственик на О2 World Berlin, и Алба Берлин се согласиле на 15-годишен договор до 2023 година, со можност за уште 10 години.

Како германски шампион, Алба учествувала во Евролигата. Таму, екипата стигнала до топ 16 фазата, каде што не можеле да се носат со европските елитни клубови како Барселона, Реал Мадрид и Макаби Тел Авив. Во домашните натпреварувања клубот успеал да го освои својот шестти трофеј во Купот на Германија со победа во финалето над Телеком Баскетс Бон со убедливи 69-44. Во германското првенство Алба завршила на првото место во регуларниот дел од сезоната со 26 победи и 8 порази, но во плејофот не успеале да ја одбранат титулата откако биле запрени од истиот противник Телеком Баскетс Бон во полуфиналната серија со 3-2 во победи.

На 8 октомври 2014, Алба Берлин ги совладала тогашните НБА шампиони Сан Антонио Спарс, со 94-93, откако Џејмс Меклин погодил со звукот на сирената.[2]

Во сезоната 2014-2015, Алба се вратила во Евролигата и стигнала повторно до Топ 16 фазата. Во Бундеслигата, тимот имал уште една разочарувачка сезона: завршувајќи на второ место во регуларниот дел, но бил елиминиран во полуфиналето на плејофот. Во сезоната 2015-2016, Алба имала една од најлошите сезони во историјата, завршувајќи само на 6-тото место во регуларната сезона. Во плејофот, биле елиминирани уште на самиот старт во четвртфиналето, со максимални 3-0 во победи од Скајлајнерс Франкфурт.

Играчи[уреди | уреди извор]

Пејтон Сива еден од најдобрите играчи на Алба во моментов.
Хенрик Редл целата своја кариера ја поминал во дресот на Алба (1993-2004), а по завршувањето на неговата кариера клубот го повлекол од употреба неговиот дрес со број 4. Тој исто така бил и тренер на клубот од 2005-2007.
Војдан Стојановски првиот и досега единствен македонски кошаркар кој играл за Алба.

Моментален ростер[уреди | уреди извор]

Алба Берлин - состав
Б 1 Германија Јошико Саибу
П 4 Германија Бенет Хундт
К 5 Германија Нилс Гифеј
П 7 САД Пејтон Сива
КЦ 10 Германија Тим Шнајдер
Б 11 САД Аким Варгас
К 13 Литванија Мариус Григонис
Ц 15 Германија Богдан Радосављевиќ
Б 21 САД Спенсер Батерфилд
Ц 42 САД Денис Клифорд
КЦ 43 САД Лук Сикма
Главен тренер: Шпанија Ајто Гарсија Ренесес
Captain sports.svg - Капитен
Ц - Центар / КЦ - Крилен центар / К - Крило /
Б - Бек / П - Плејмејкер

Повлечени броеви[уреди | уреди извор]

Алба Берлин - повлечени броеви
Бр. Нац. Играч Позиција Во клубот
4 Германија Хенрик Редл К 1993–2004
12 САД Вендел Алексис КЦ 1996–2002

Познати поранешни играчи[уреди | уреди извор]

Германци:

Европски/Афрички:

Американци:

Македонски играчи во Алба Берлин[уреди | уреди извор]

Македонски играчи во Алба Берлин
Бр. Играч Позиција Во клубот
19 Македонија Војдан Стојановски К 2013–2015

Тренери[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Вкупно титули: 20

Домашни натпреварувања[уреди | уреди извор]

1996–1997, 1997–1998, 1998–1999, 1999–2000, 2000–2001, 2001–2002, 2002–2003, 2007–2008
1996–1997, 1998–1999, 2001–2002, 2002–2003, 2005–2006, 2008–2009, 2012–2013, 2013–2014, 2015–2016
2008, 2013, 2014

Европски натпреварувања[уреди | уреди извор]

1994–1995
Вицешампиони : 2009-2010

Натпревари против НБА екипи[уреди | уреди извор]

6 октомври 2012 Алба Берлин Германија 84 – 89 САД Далас Маверикс    Германија O2 World, Берлин
8 октомври 2014 Алба Берлин Германија 94 – 93 САД Сан Антонио Спарс    Германија O2 World, Берлин

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Stadiums in Germany, Berlin Архивирано 2009-10-06 во Wayback Machine. Worldstadiums.com
  2. „VIDEO: Spurs lose to Alba Berlin at the buzzer“. CBS Sports. конс. 9 October 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]