КК Струмица 2005

Од Википедија — слободната енциклопедија
Не го поистоветувајте со клубот Струмица.
КК Струмица 2005
Лига/
Основан1991; пред 33 години (1991)
Распаднат2008; пред 16 години (2008)
ИсторијаМакедонија '91 1991–2003
Поло Трејд 2003-2005
Струмица 2005 2005-2008
МестоСтрумица
Бои на клуботзелена и бела
Позиција 2007/08
(Прва лига мажи)
вицепрвак
Прваци1 Прва лига мажи
1 Суперкуп на Македонија
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


КК Струмица 2005 е распаднат македонски кошаркарски клуб од Струмица.

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот бил формиран во 1991 година под името Македонија '91. Се нарекувал и Поло Трејд. Во сезоната 2002/2003, во Лигата станале вицепрваци по поразот во финалето против Фершпед Работнички. По промената на раководството на тимот во 2005 година, кога дошло до промена на името, на чело на клубот застанал новиот претседател Панајотис Карапиперис кој довел во клубот значајни играчи од Грција и од земјава и клубот почнал да носи успеси. Така, во сезоната 2006/07 година станале шампиони против Фершпед Работнички во финалето, а истата сезона биле и финалисти во Купот на Македонија, каде биле поразени од страна на Вардар Осигурување. Во наредната сезона 2007/08 година, Струмица 2005 го освоила второто место во македонската лига каде била поразена од Фени Индустри со тесни 4-3 во победи, додека во купот повторно била поразена во финалето исто така од Фени Индустри.

Струмица 2005 по завршувањето на преодниот летен рок го откажала учеството во најквалитетна македонска кошаркарска лига како и новоформираната Балканска лига поради финансиска криза со кое згаснал уште еден кошаркарски клуб од Струмица по Неметали Огражден.

Постигнувања[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]