Марјан Србиновски
Марјан Србиновски | |
---|---|
Позиција | Крило / Бек (како кошаркар) Тренер |
Висина | 1,97 м |
Тежина | кг |
Роден | 8 декември 1974 Гостивар, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 1993–2007 |
Клубови | |
Како играч: | |
1993-1994 | Гостивар |
1994-1996 | МЗТ Аеродром |
1996-1997 | Никол Ферт |
1997-1998 | Жито Вардар |
1998-2000 | Работнички |
2000-2001 | МЗТ Аеродром |
2001-2002 | Куманово |
2002-2004 | Здравље Лесковац |
2004-2005 | Фаворити |
2005-2007 | Тоа Сум Јас |
2007 | Работнички |
Како тренер: | |
2007–2009 | Работнички (помошник тренер) |
2009-2011 | Работнички |
2010-2015 | Македонија (помошник тренер) |
2011-2012 | Торус |
2012-2014 | Кожув |
2014-2015 | Работнички (помошник тренер) |
2015 | Работнички |
2015 | Македонија |
2016-2017 | Куманово |
2017-2021 | Гостивар |
Репрезентација | |
Инфо од: 08.04.2021. |
Марјан Србиновски (роден на 8 декември 1974 во Гостивар) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец, и тековен тренер. Тој моментално е тренер без ангажман.
Играчка историја
[уреди | уреди извор]Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Марјан Србиновски својата професионална кариера ја започнал во КК Гостивар во 1993 година. Во 1994 година, Србиновски се преселил во МЗТ Аеродром. Со МЗТ, Марјан Србиновски го освоил Купот на Македонија 1996. За сезоната 1996/97, Србиновски се вратил во матичниот клуб Никол Ферт. Следната сезона играл во велешки Жито Вардар. Во сезоната 1998/99 година, тој потпишал за Годел Работнички, со кој за пр впат, Србиновски го освоил домашното Првенство. Следната сезона Србиновски заедно со Работнички биле вицепрваци во Првенството, губејќи токму од Никол Ферт. Сезоната 2000/01, Србиновски се вратил во МЗТ Аеродром, со кој станале вицепрваци во Лигата. Сезоната 2001/02 повторно бил вицепрвак, овојпат со Куманово, повторно губејќи од Работнички. Следната сезоната играл во Здравље од Лесковац. Во сезоната 2004/05 се вратил во Македонија, овој пат во Фаворити. Следната сезона играл во кошаркарскиот клуб Тоа Сум Јас. Во сезоната 2006/07, Србиновски на полусезоната преминал во редовите на Фершпед Работнички, со кој повторно станал вицепрвак, губејќи од Струмица 2005.
Тренерска кариера
[уреди | уреди извор]Во својата прва тренерска сезона, Марјан Србиновски бил помошник тренер во Работнички. Следната сезона 2008/09, Србиновски повторно како помошник, го освоил домашното првенство.
Сезоната 2009/10 ја започнал како помошник, но поради напуштањето на главниот тренер Докузовски, Србиновски ја зазел неговата позиција. Но во јануари 2010 година, на полусезона, Србиновски и Работнички ја прекинале соработката, откако Работнички пронашол нов главен тренер, и Марјан престанал да е тренер на екипата.[1] Во сезоната 2010/11, Србиновски бил главен тренер на Работнички,[2] сè до март 2011 година, кога бил заменет на таа позиција.[3][4] Сезоната 2011/12 ја започнал во Работнички каде бил главен тренер сè до ноември и бил заменет.[5][6] Потоа, истата сезона, станал главен тренер на Торус. Откако во летото 2012 година, Торус се распаднал, Србиновски станал слободен тренер.
Во септември 2012 година, во пресрет на сезоната 2012/13, тој потпишал за Кожув. Подоцна таа сезона, Србиновски со неговата екипа станале вицепрваци во Првенството.[7][8][9] Во сезоната 2013/14, Марјан Србиновски бил тренер сè до февруари, бидејќи била прекината соработката со Кожув.[10]
Во сезоната 2014/15, станал помошник тренер во Работнички. Во ноември 2014 година, главниот тренер Марин Докузовски (на шест месеци) и Марјан Србиновски (на три месеци) биле суспендирани.[11][12][13][14] По истекувањето на суспензијата на Србиновски, тој се вратил како главен тренер и како таков го освоил Купот на Македонија,[15] сè до истекот на суспензијата на Докузовски, кога се вратил на првичната функција главен тренер, а Србиновски се вратил на позицијата помошник.[16]
Во февруари 2016 година, за време на сезоната 2015/16, Србиновски станал тренер на Куманово.[17][18][19] Истата таа сезона, Србиновски станал вицепрвак во Првенството. Следната сезона, Марјан останал на тренерската фунција во Куманово 2009.[20]
Во сезоната 2017/18, Србиновски потпишал за новиот прволигаш Гостивар.[21][22] За сезоната 2018/19, Србиновски продолжил како главен тренер на Гостивар.[23][24] Во јули 2019 година, тој потпишал нов едносезонски договор со гостиварскиот клуб за сезоната 2019/20.[25][26] За сезоната 2020/21, во почетокот на јуни 2020 година, тој потпишал нов договор со кој ја продолжил соработката со Гостивар.[27][28] Поради лошите резултати, во почетокот на април 2021 година, Гостивар и Србиновски ја прекинале соработката.[29]
Успеси
[уреди | уреди извор]
Играчки титули[уреди | уреди извор]Работнички[уреди | уреди извор]
МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]
Тренерски титули[уреди | уреди извор]Работнички[уреди | уреди извор]
|
Признанија[уреди | уреди извор] |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Гацов е нов тренер на Работнички“. vest.com.mk. 26 јануари 2010. Посетено на 14 јули 2019.[мртва врска]
- ↑ „Работнички потпиша и со Димитровски“. gladijatori.com преку web.archive.org. 24 септември 2010. Архивирано од изворникот на 2020-04-03. Посетено на 3 април 2020.
- ↑ „Докузовски на клупата на Работнички“. vecer.mk. 18 март 2011. Посетено на 14 јули 2019.[мртва врска]
- ↑ „Работнички го врати Докузовски на клупата“. vest.mk. 20 март 2011. Посетено на 14 јули 2019.[мртва врска]
- ↑ „Марјан Лазовски, нов тренер на Работнички“. ekipa.mk. 16 ноември 2011. Архивирано од изворникот на 2020-08-11. Посетено на 14 јули 2019.
- ↑ „Лазовски на жешката клупа“. vecer.mk. 11 ноември 2011. Посетено на 14 јули 2019.[мртва врска]
- ↑ „Србиновски, нов кормилар на Кожув“. ekipa.mk. 18 септември 2012. Посетено на 14 јули 2019.[мртва врска]
- ↑ „Србиновски на местото на Вркиќ на клупата на Кожув“. mkd.mk. 18 септември 2012. Архивирано од изворникот на 2020-04-14. Посетено на 14 јули 2019.
- ↑ „Србиновски го зеде кормилото на Кожув“. dnevnik.mk. 19 септември 2012. Посетено на 14 јули 2019.[мртва врска]
- ↑ „Американецот Нил на проба во Кожув“. utrinski.mk. 16 февруари 2014. Посетено на 14 јули 2019.[мртва врска]
- ↑ „Работнички во проблеми: Докузовски суспендиран на шест, а Србиновски на „само" три месеци!“. sportmedia.mk. 20 ноември 2014. Посетено на 14 јули 2019.
- ↑ „„За Докузовски шест, а за Србиноски три месеци пауза"“. Дневник. 21 ноември 2014.
|access-date=
бара|url=
(help) година XVIII, број 5623, стр. 25. - ↑ Работнички продолжува во среда, но без тренер Архивирано на 20 ноември 2014 г. derbi.mk 17 ноември 2014
- ↑ Работнички лесно со Струмица, „кулите-близначки“ најефикасни[мртва врска] sport365.mk 19 ноември 2014
- ↑ КК Куманово денес го пречекува тимот на Карпош Соколи[мртва врска] 1mk.org 7 февруари 2015
- ↑ Работнички „пресече“: Докузовски од утре се враќа на клупата Архивирано на 8 мај 2015 г. ekipa.mk 5 мај 2015
- ↑ „Марјан Србиновски, нов тренер на Куманово“. ekipa.mk. 25 февруари 2016. Архивирано од изворникот на 2020-04-14. Посетено на 14 јули 2019.
- ↑ „Разрешен најдобриот стратег во Македонија: Србиновски е нов тренер на Куманово!“. sportmedia.mk. 25 февруари 2016. Посетено на 14 јули 2019.
- ↑ „Србиновски нов тренер на вицешампионот Куманово“. sport365.mk. 25 февруари 2016. Архивирано од изворникот на 2016-05-13. Посетено на 14 јули 2019.
- ↑ „Куманово пак прави „македонски тим", Србиновски останува тренер“. ekipa.mk. 23 август 2016. Архивирано од изворникот на 2016-10-30. Посетено на 14 јули 2019.
- ↑ „Перо Антиќ главен акционер во КК Гостивар“. sportmedia.mk. 4 јули 2017. Посетено на 14 јули 2019.
- ↑ „Гостиварци оптимисти: Сакаме повторно градот да живее за кошарка“. ekipa.mk. 4 јули 2017. Посетено на 14 јули 2019.
- ↑ „Србиноски и Гостивар продолжуваат заедно“. sportmedia.mk. 11 јули 2018. Посетено на 14 јули 2018.
- ↑ „Гостивар и Србиновски – приказната продолжува“. ekipa.mk. 11 јули 2018. Посетено на 14 јули 2018.
- ↑ „Србиноски останува тренер на Гостивар, добива и нова функција“. ekipa.mk. 13 јули 2019. Посетено на 14 јули 2019.
- ↑ „Србиновски ја продолжи верноста со Гостивар на уште една сезона“. gol.mk. 13 јули 2019. Посетено на 14 јули 2019.
- ↑ „Марјан Србиновски и следната сезона останува во најкошаркарскиот град“. gol.mk преку web.archive.org. 2 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-02. Посетено на 3 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Србиновски останува на чело на Гостивар“. ekipa.mk преку web.archive.org. 2 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-02. Посетено на 3 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Иван Димовски (5 април 2021). „Поранешниот селектор на Македонија повеќе не е тренер на Гостивар“. gol.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-04-08. Посетено на 8 април 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „МКФ ги прогласи најдобрите за 2013, Чековски и Антиќ со главните награди“. ekipa.mk. 8 февруари 2014. Архивирано од изворникот на 2014-03-26. Посетено на 6 јули 2017.
- ↑ „Ѓорги Чековски најдобар кошаркар во Македонија 2013 година“. ohridnews.com. 8 февруари 2014. Посетено на 6 јули 2017.
- ↑ „Чековски и Антиќ најдобри кошаркари за 2013 година“. mkd.mk. 8 февруари 2014. Посетено на 6 јули 2017.