Горан Самарџиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горан Самарџиев
Прекар(и)Шуш
Чема
ПозицијаРазигрувач (како играч)
Тренер
Висина1,87 м
Тежина88 кг
КлубЕуро Никел 2005
Број15
Роден24 мај 1980(1980-05-24)(43 г.)
КавадарциСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1995–2016
Клубови
Репрезентација
Награди
Инфо од: 03.04.2019.

Горан Самарџиев (роден на 24 мај 1980 во Кавадарци) — македонски кошаркарски тренер и поранешен кошаркар и репрезентативец, кој настапувал за повеќе македонски кошаркарски прволигаши како Фени Индустри, Работнички, Вардар и Лирија.

Кариера[уреди | уреди извор]

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Самарџиев својата кариера ја започнал во Тиквеш кога бил откриен од спортскиот работник Димитар Пецов.[3] Неговиот талент бил забележан од тогаш моќниот Работнички, па бил донесен во „Градски парк“ во 1999 година. Во Работнички играл сè до 2006, освојувајќи шест Првенства, четири Купа и еден Суперкуп.[4] За сезоната 2006/2007, се преместил во Вардар и го освоил Купот 2007.[5]

Во 2007 година, кога Фени покажал амбиции да стане најсилен македонски тим, Самарџиев се вратил дома. Популарниот Шуш погодил тројка во последната секунда од финалето на Купот 2008 година, и на Фени му го донел првиот трофеј во клупската историја. Таа титула во Купот била најава за уште неколку пехари кои кавадаречкиот клуб ги освоил од 2008 до 2011 година. Во таа 2011, Самарџиев во салата „Јасмин“ како капитен го кренал победничкиот пехар и во регионалната БИБЛ лига.[4]

Во август 2013 година, Самарџиев потпишал за Лирија од Скопје.[6] Веднаш по завршувањето на сезоната 2013/14, Самарџиев повторно се вратил во матичниот клуб Фени.[7][8]

Во август 2016 година, Горан Самарџиев одлучил да ја заврши кариерата како кошаркар.[9][10][11]

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Веднаш по пензионирањето како кошаркар, Самарџиев станал помошник тренер на Фени Индустри како и координатор на младинските екипи на кавадаречкиот клуб.[9][10] Во април 2019, поради заминувањето на Љупчо Малинков како главен тренер на Фени, Самарџиев бил унапреден на таа позиција.[12][13] Самарџиев останал како тренер на Фени и за сезоната 2019/20.[14][15] За сезоната 2020/21, тој ја продолжил соработката со Еуро Никел.[16]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули во Првенството[уреди | уреди извор]

Титули во Купот[уреди | уреди извор]

Титули во Суперкупот[уреди | уреди извор]

Титули во БИБЛ[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Првата Супер куп титула за Фершпед Работнички“. vest.com.mk. 13 октомври 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 3 октомври 2015.
  2. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  3. Проф. Пецов – синоним за пронаоѓање таленти[мртва врска] republika.mk 19 април 2013
  4. 4,0 4,1 САМАРЏИЕВ: ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД КАРИЕРАТА sport.com.mk 7 август 2016
  5. Хаџивасилев второ засилување на Струмица 2005[мртва врска] vest.com.mk 27 јуни 2006
  6. Горан Самарџиев е нов член на Лирија[мртва врска] telegraf.mk 21 август 2013
  7. Камбек на Самарџиев, по една сезона повторно во Фени Индустри ekipa.mk 3 јуни 2014
  8. САМАРЏИЕВ СЕ ВРАТИ „ДОМА“. НОВИ ДОГОВОРИ ЗА МАЛИНКОВ И МАРКОВСКИ Архивирано на 11 август 2014 г. tip.com.mk 7 јуни 2014
  9. 9,0 9,1 Горан Самарџиев прв асистент на Малинков. Познат дел од ростерот kavadar4e.com 6 август 2016
  10. 10,0 10,1 Горан Самарџиев вели доста е со кошарка sportmedia.mk 7 август 2016
  11. „Горан Самарџиев прв асистент на Малинков. Познат дел од ростерот на Фени“. vinotika.mk. 6 август 2018. Посетено на 14 август 2018.
  12. „Малинков си замина од Фени, Самарџиев е нов тренер“. ekipa.mk. 2 април 2019. Посетено на 3 април 2019.
  13. „Некогашниот капитен станува прв тренер: Самарџиев го презема Фени“. sportmedia.mk. 2 април 2019. Посетено на 3 април 2019.
  14. „И Фени Индустри почна со потписи“. ekipa.mk преку web.archive.org. 25 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-26. Посетено на 26 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  15. „Самарџиев добива две засилувања: Гаидис и Караколев се селат во Фени“. gol.mk преку web.archive.org. 25 јули 2019. Посетено на 26 јули 2019.
  16. „Караколев го одби Куманово, останува во Еуро Никел“. ekipa.mk преку web.archive.org. 4 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-04. Посетено на 4 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]