КК Лирија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
КК Лирија
KB Liria
2013/14
(Прва Лига Мажи)
Основан1977; пред 42 години (1977)
Распаднат11 септември 2014; пред 4 години (2014-09-11)
ЛокацијаСкопје
Бои на клуботсина и бела
         
ТренерМарјан Илиевски (последен)
Позиција 2013/14
(Прва Лига Мажи)
Полуфинале
Супер Лига 4ти
Дресови
Kit body thinorangesides 2.png
Домашен jersey
Kit shorts orangesides.png
Team colours
Домашен
Kit body thinsidesonwhite.png
Гостински jersey
Kit shorts whitesides.png
Team colours
Гостински


КК Лирија е поранешен кошаркарски клуб кој се наоѓал во населбата Чаир во Скопје, Македонија и има настапувано во Првата македонска кошаркарска лига.

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот првично бил создаден во 1977 година во основното училиште "Лирија" во Скопје, и поради тоа клубот се вика Лирија. На почетокот во тогашниот состав играле воглавно поранешни и тогашни ученици од тоа училиште. Најголем придонес за клубот има веќе покојниот Ментаз Алајбегу.

По основањето, клубот се натпреварувал во Втората македонска републичка лига, која била во состав на југословенскиот кошаркарски систем. Подоцна се пласирале во Првата македонска републичка лига. Во сезоната 1985/86 клубот се распаднал. Од 2007/08 клубот се обновил, со неколку активирања и паузи во меѓувреме.

Од сезоната 2008/09, клубот почнал со натпреварување во Третата лига и поради добриот успех напреднал во Втората лига за следната сезона. Во сезоната 2009/10 во Втората лига, Лирија завршила на шестото место. За следната сезона, поради откажување на некои прволигашки екипи, Лирија добила вајлд карта заради пополнување на Првата лига.[1] Во сезоната 2010/11 во Првата лига, Лирија завршила на петтото место во Суперлигата, додека во Купот стигнале до четврфиналето. Во 2011/12, екипата стигнала до полуфиналето во Лигата и Купот. Во 2012/13, Лирија завршила на шестото место во Суперлигата, а во Купот до четвртфинале. Во сезоната 2013/14, Лирија за првпат во својата историја играла во финале односно во Купот, каде изгубила од МЗТ Аеродром, додека во Лигата стигнала до полуфиналето каде повторно изгубила од МЗТ Аеродром. За време на полуфиналето против МЗТ Аеродром, Лирија поради ненаоѓање на сопствена сала изгубила службено и така била елиминирана.[2]

Исто така, поради ненаоѓање на сопствен терен, Лирија го откажала своето учество во Првата Лига за сезоната 2014/15 и се распаднала.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поважни поранешни играчи[уреди | уреди извор]

  • Македонија Синиша Аврамовски
  • ХрватскаКосово Едмонд Аземи
  • САД Винс Голдсбери
  • Македонија Мирослав Деспотовиќ
  • Црна Гора Милош Ѓуришиќ
  • Србија Ненад Зивчевиќ
  • Македонија Сезан Ибраимај
  • Србија Немања Јелесијевиќ
  • Македонија Ѓорѓе Јовановиќ
  • Србија Бошко Јововиќ
  • Србија Александар Калањ
  • Македонија Никола Караколев
  • САДДоминиканска Република Морис Картер
  • САД Џулиус Колс
  • САДПорторико Џејмс Лајф
  • Србија Дарко Матиќ
  • Црна Гора Марко Мијовиќ

  • САД Дастин Мичел
  • МакедонијаДоминиканска Република Карлос Морбан
  • САД Тајрон Наред
  • Македонија Дејан Неделковски
  • Босна и ХерцеговинаСрбија Алексеј Нешовиќ
  • Македонија Бојан Николовски
  • Македонија Јордан Николовски
  • Македонија Едис Нури
  • НигеријаСАД Алекс Овуми
  • БугаријаМакедонија Кирил Павловски
  • САД Грег Палмер
  • САД Џереми Прајс
  • Босна и ХерцеговинаСрбија Александар Радојевиќ
  • Црна Гора Балша Радуновиќ
  • Црна Гора Дарко Радуновиќ
  • Македонија Ерхан Рамадани

Извор:eurobasket.com

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]