Бојан Трајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бојан Трајковски
ПозицијаЦентар, Крилен центар
Висина2,08 м
Тежина110 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
ЕкипаКожув
Роден11 септември 1986 (1986-09-11) (32 г.)
Македонска Каменица, СР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонија Македонија
Проф. кариера2002–
Кариера
2002–2003Балкан Стил
2003–2009Работнички
2009–2010Фени Индустри
2010–2012Торус
2012-2013Фени Индустри
2013–2014Лирија
2014–2015Чарни Слупск
2015Сигал Приштина
2015Работнички
2015-2016Куманово
2016Сигал Приштина
2016-2017Карпош Соколи
2017-2018МЗТ Аеродром
2018-2019Атомерому Пакш
2019Гостивар
2019-Кожув
Инфо од: 26.07.2019.

Бојан Трајковски (роден на 11 септември 1986 во Македонска Каменица) — македонски кошаркар и член на македонската машка репрезентација, крилен центар кој настапува во Кожув.

Биографија[уреди | уреди извор]

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Својата професионална кариера Трајковски ја започнал во екипата на Балкан Стил во 2002. Потоа, тој шест години го носел дресот на Работнички со кои освоил 4 шампионски титули во македонското првенство и 3 Купа на Македонија. За сезоната 2009/10 потпишал договор со екипата на Фени Индустри каде продолжил да реди успеси освојувајќи уште по една титула во Првенството и во Купот. Потоа играл две сезони за Торус една одново за Фени и една во Лирија. По распаѓањето на Лирија, Трајковски како слободен играч го напуштил клубот и го имал своето прво искуство во странство потпишувајќи договор со полската екипа Енерга Чарни Слупск. Но откако одиграл само 8 натпревари од кој дури еден како стартер, Бојан го напуштил клубот во почетокот на февруари 2015, и се преселил во Сигал Приштина од Косово.[1][2][3] Трајковски заедно со сонародникот-тренер Марјан Илиевски го освоил БИБЛ натпреварувањето во 2015 година.[4][5] Во октомври 2015 година, Трајковски потпишал отворен договор со Работнички.[6][7] Иако било најавено дека Бојан Трајковски дека преминал во грчки Аполон Патрас,[8][9][10] тој сепак не нашол заеднички договор со Аполон и останал во Работнички.[11][12] На крајот на ноември 2015 година, Трајковски потпишал за Куманово 2009.[13][14] Во јули 2016 година, Трајковски потпишал нов едногодишен договор со Куманово.[15][16] Набрзо потоа тој потпишал за Сигал Приштина бидејќи со Куманово имал отворен договор.[17][18][19] Во декември 2016 година, Бојан Трајковски се вратил во Македонија, во екипата на Карпош Соколи 2000.[20][21][22] Со Карпош Соколи, Трајковски го освоил Купот на Македонија 2017. Во август 2017 година, тој ја продолжил својата кариера во МЗТ Аеродром.[23] Во јуни 2018 година, Трајковски се преселил во Пакш од Унгарија.[24][25] Во почетокот на февруари 2019 година, Трајковски и Атомерому заемно го раскинале договорот за соработка.[26] Веднаш потоа, Бојан потпишал за Гостивар.[27][28] Бојан ја променил средината и потпишал за Кожув за сезоната 2019/20.[29][30]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Во квалификациите за ЕП 2015, Бојан Трајковски бил најдобар стрелец на македонската репрезентација, со постигнати 68 поени (11,3 по натпревар), а имал и 32 скока (5,3 по натпревар).[31] За време на завршниот турнир во групната фаза во Загреб - Хрватска, Трајковски бил третиот играч со најмногу поени во македонската репрезентација односно имал 43 поени на пет натпревари (8,6 по натпревар).[32] Поради несогласувања со селекторот Раца, во јули 2016 година, Трајковски бил исфрлен од подготовките за квалификациите за Евробаскетот 2017.[33][34] Поради прекршувањето на Дисциплинскиот правилник на националните репрезентации, тој бил пријавен од селекторот на Македонија - Драган Раца и бил даден на Дисциплинската комисија на МКФ.[35][36]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Македонија Фени Индустри[уреди | уреди извор]

Косово Сигал Приштина[уреди | уреди извор]

Македонија Карпош Соколи[уреди | уреди извор]

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Крилен центар на сезоната 2010/11[37]
  • Прва најдобра петорка на сезоната 2010/11[37]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2010/11[37]
  • Eurobasket.com - особен придонес во сезоната 2011/12
  • Eurobasket.com - втора најдобра петорка на сезоната 2012/13
  • Eurobasket.com - крилен центар на сезоната 2013/14
  • Eurobasket.com - домашен играч на сезоната 2013/14
  • Eurobasket.com - прва најдобра петорка на сезоната 2013/14
  • Eurobasket.com - најдобра домашна петорка на сезоната 2013/14
  • Крилен центар на сезоната 2015/16[38]
  • Втора најдобра петорка на сезоната 2015/16[38]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2015/16[38]
  • Особен придонес во сезоната 2016/17[39]
  • Домашен играч на сезоната 2017/18[40]
  • Прва најдобра петорка на сезоната 2017/18[40]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2017/18[40]
  • Најдобар кошаркар за 2018 година[41][42]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бојан Трајковски се сели во Сигал Приштина“. ekipa.mk. 4 февруари 2015. 
  2. „Полјаците за Трајковски: Многу шутираше тројки, малку скокаше и – мораше да замине!“. sportmedia.mk. 4 февруари 2015. 
  3. „ТРАЈКОВСКИ, НОВ ИГРАЧ НА СИГАЛ“. sport.com.mk. 5 февруари 2015. 
  4. Илиевски и Трајковски се новите прваци во БИБЛ-лигата ekipa.mk 29 април 2015
  5. Сигал Приштина со Илиевски и Трајковски ја освои БИБЛ лигата sportmedia.mk 29 април 2015
  6. Работнички во битка со времето: Трајковски потпиша, се чека сертификатот за да игра во Гевгелија! sportmedia.mk 8 октомври 2015
  7. Најавите се остварија: Трајковски и Димчевски потпишаа за Работнички ekipa.mk 8 октомври 2015
  8. Кратко во Работнички: Бојан Трајковски се сели во Аполон ekipa.mk 13 октомври 2015
  9. Толку од „љубовта“ со Работнички: Трајковски се сели во Грција - ќе игра за Аполон Патра! sportmedia.mk 13 октомври 2015
  10. Трајковски се сели во грчки Аполон derbi.mk 13 октомври 2015
  11. Трајковски: Немам договор со Аполон! sport.com.mk 14 октомври 2015
  12. Ништо од трансферот во Грција: Бојан Трајковски (засега) останува во „Градски парк“! sportmedia.mk 17 октомври 2015
  13. Бојан Трајковски потпиша за Куманово! ekipa.mk 29 ноември 2015
  14. Бојан Трајковски ги откри „тајните“ на Работнички и потпиша за – Куманово! sportmedia.mk 29 ноември 2015
  15. Бојан Трајковски уште една година во Куманово ekipa.mk 28 јули 2016
  16. Бојан Трајковски уште една сезона во Куманово sport365.mk 29 јули 2016
  17. Бојан Трајковски потпиша за Сигал Приштина! ekipa.mk 16 август 2016
  18. Место во Куманово, Трајковски кон Приштина sportmedia.mk 17 август 2016
  19. Бојан Трајковски се врати и веќе беше претставен како кошаркар на Сигал Приштина gol.mk 17 август 2016
  20. Бојан Трајковски е нов играч на Карпош Соколи“, sportmedia.mk, 2 декември 2016 (посет. 3 декември 2016 г).
  21. Бојан Трајковски потпиша за Карпош соколи“, ekipa.mk, 2 декември 2016 (посет. 3 декември 2016 г).
  22. Големо засилување за Карпош Соколи: Бојан Трајковски една година „сокол““, gol.mk, 2 декември 2016 (посет. 3 декември 2016 г).
  23. МЗТ со две засилувања – Бојан Трајковски и Андреј Маслинко“, ekipa.mk, 11 август 2017 (посет. 15 октомври 2017 г).
  24. Трајковски го одбра Пакс за следна станица во кариерата“, sportmedia.mk, 1 јуни 2018 (посет. 5 јуни 2018 г).
  25. Трајковски издржа само една година во МЗТ, од наредната сезона ќе настапува во Унгарија“, gol.mk, 1 јуни 2018 (посет. 5 јуни 2018 г).
  26. Бојан Трајковски и Пакс се разделија“, sportmedia.mk, 1 февруари 2019 (посет. 1 февруари 2019 г).
  27. Гостивар активира „бомба“, го договори Бојан Трајковски!“, gol.mk, 2 февруари 2019 (посет. 2 февруари 2019 г).
  28. Супер-засилување: Бојан Трајковски потпиша за Гостивар“, ekipa.mk, 2 февруари 2019 (посет. 2 февруари 2019 г).
  29. Кожув потпиша со четири македонски репрезентативци“, ekipa.mk преку web.archive.org, 26 јули 2019 (посет. 26 јули 2019 г).
  30. Кожув во еден ден купи нова петорка: Доведени четири репрезентативци и еден Американец“, gol.mk преку web.archive.org, 26 јули 2019 (посет. 26 јули 2019 г).
  31. „Трајковски: Тие што не веруваа во нас, ги канам да нè гледаат на ЕП“, Дневник, година XVIII, број 5553, петок, 29 август 2014, стр. 22.
  32. Accumulated Stats eurobasket2015.org
  33. Бојан Трајковски не тренира: За причините прашајте го Раца! ekipa.mk 26 јули 2016
  34. Раца: Веќе не сметам на Трајковски sportmedia.mk 26 јули 2016
  35. Антиќ и Самарџиски пред ФИБА, Трајковски на „дисциплинска“ sportmedia.mk 15 август 2016
  36. Бојан Трајковски пред суспензија од МКФ! ekipa.mk 15 август 2016
  37. 37,0 37,1 37,2 Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“, eurobasket.com (посет. 15 ноември 2017 г).
  38. 38,0 38,1 38,2 Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2016“, eurobasket.com, 28 мај 2016 (посет. 4 август 2018 г).
  39. Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2017“, eurobasket.com, 29 мај 2017 (посет. 8 февруари 2018 г).
  40. 40,0 40,1 40,2 Prva Liga - season 2017-2018“, eurobasket.com (посет. 12 јуни 2018 г).
  41. Војдан и Бојан ќе ја поделат наградата за најдобар!“, sportmedia.mk, 18 декември 2018 (посет. 22 декември 2018 г).
  42. Сите бираат еден, МКФ двајца: Војдан и Бојан – најдобри кошаркари за 2018 година“, ekipa.mk, 18 декември 2018 (посет. 22 декември 2018 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]