КК Академија ФМП
КК Академија ФМП | |||
---|---|---|---|
Лига | Прва Лига Мажи | ||
Основан | 2013 | ||
Место | Скопје | ||
Бои на клубот | сина, бела | ||
Позиција Втора лига 2018/19 | Вицепрвак (унапреден) | ||
Дресови | |||
|
КК Академија ФМП е кошаркарски клуб од Скопје, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига.
Историја[уреди | уреди извор]
Клубот бил основан како академија во 2013 година.[1] Во сезоната 2014/15, Академија ФМП пријавила екипа во Третата лига, која завршила на второто место и била унапредена во Втората лига.[2] Следната сезона, сега како второлигаш, Академија ФМП завршил на последното десетто место на табелата со што отпаднал од Втората лига. Но поради пополнување на испразнети места во Втората лига, клубот бил вратен во второлигашкото друштво. Сезоната 2016/17, ФМП завршил на високото трето место. Во сезоната 2017/18, Академија била четврта во Лигата. Сезоната 2018/19 била историска за клубот. Академија го освоила првото место во Втората лига - Исток без пораз и со тоа обезбедила пласман во разигрувањето за Првата лига. Во разигрувањето Академија била поразена во финалето од МЗТ Аеродром (вториот состав), но како вицепрвак влегле во баражот за упредување против последниот прволигаш и го добиле баражот со што се квалификувале во Првата македонска лига.
Моментален состав[уреди | уреди извор]
број | име | висина см | позиција | години | националност | пристигнал во (година) |
претходен клуб |
---|---|---|---|---|---|---|---|
19 | Горан Главчев | 191 | Бек | 27 | ![]() |
2020 | Работнички |
7 | Лука Петровски | 196 | Разигрувач | 24 | ![]() |
2020 | Куманово 2009 |
12 | Ваљмир Какруки | 202 | Центар | 20 | ![]() |
2020 | МЗТ Аеродром - младински состав |
17 | Славчо Темелковски | 199 | Центар | 20 | ![]() |
2020 | Вардар |
8 | Борјан Обедниковски | 196 | Крилен центар | 19 | ![]() |
2020 | Пелистер |
9 | Бојан Стојаноски | 24 | ![]() |
2019 | Вардар | ||
9 | Љубиша Димитровски | 193 | Крилен центар | 18 | ![]() |
2020 | МЗТ Уни Банка (II) |
10 | Филип Стојановски | 195 | Крило | 24 | ![]() |
2021 | Куманово 2009 |
15 | Никола Анастасовски | 20 | ![]() |
2019 | АВ Охрид | ||
Никола Груевски | 18 | ![]() |
2020 | ||||
3 | Лука Стојановски | 189 | Бек | 21 | ![]() |
2019 | МЗТ Аеродром |
Александар Тодоровски | 20 | ![]() |
|||||
14 | Оливер Двојаковски | 204 | Центар | 24 | ![]() |
2020 | Куманово 2009 |
Филип Ѓорѓиев | 18 | ![]() |
2020 | ||||
0 | Роналд Харис | 190 | Бек | 26 | ![]() |
2019 | Ирвин Вели Колеџ ![]() |
21 | Теодор Атанасов | 206 | Центар | 24 | ![]() |
2020 | Куманово 2009 |
77 | Стефан Крстајиќ | 190 | Бек | 25 | ![]() |
2020 | Приморје 1945 ![]() |
Извор:Кошаркарска федерација на Македонија eurobasket.com
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Прва македонска кошаркарска лига
- Втора македонска кошаркарска лига
- Куп на Македонија
- Кошаркарска федерација на Македонија
- Кошарка во Македонија
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „За Академијата“. fmp.mk преку web.archive.org. Посетено на 23 септември 2019.
- ↑ „Трета лига мажи - Сезона 2014/15“. Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. Посетено на 23 септември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Официјално мрежно место на Академија ФМП
- Официјално мрежно место на КФМ
- КК Академија ФМП на eurobasket.com (англиски)
|