Димитар Делипетров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Делипетров
ПозицијаКрилен центар
Центар
Висина2,02 м
Тежинакг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубАкадемија ФМП
Број6
Роден26 март 1992(1992-03-26)(32 г.)
Штип, Македонија
НационалностМакедонец
Проф. кариера2010–
Клубови
2010–2012Фени Индустри
2011–2015Гоце Делчев
2015Кожув
2016Бест
2016-2018Струмица
2018-2019Блокотехна
2019-Академија ФМП
Репрезентација
Инфо од: 17.10.2019.

Димитар Делипетров (роден на 26 март 1992 во Штип) — македонски кошаркар. Тој настапува за кошаркарскиот клуб Академија ФМП.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупски настапи[уреди | уреди извор]

Сезоната 2010/11, Димитар бил член на Фени Индустри.[1] Сезоната 2011/12 ја започнал во Фени Индустри и таму играл сè до декември 2011 година бидејќи бил даден на позајмица.[2][3] Таа сезона ја завршил во Втората лига 2011/12, односно во екипата на Гоце Делчев.[4] Во 2012/13, Делипетров одиграл уште една сезона во Гоце Делчев.[5] Во сезоната 2013/14, Димитар останал во редовите на Гоце Делчев и ја освоил Втората лига.[6] За сезоната 2014/15, Делипетров продолжил во Гоце Делчев, овој пат како прволигаш.[7] Сезоната 2015/16, Делипетров првата полусезона ја поминал во Кожув.[8] Потоа, во јануари 2016 година, Делипетров се преселил во Бест и таму ја завршил сезоната.[9][10] Сезоната 2016/17, Димитар станал играч на Струмица.[11] За сезоната 2017/18, тој ја продолжил соработката со Струмица.[12][13] За сезоната 2018/19, Делипетров се преселил во Блокотехна.[14][15] Со Блокотехна, Делипетров ја освоил Балканската лига 2018/19. Истата сезона, Делипетров со Блокотехна станал вицепрвак во Купот 2019. За сезоната 2019/20, Делипетров станал играч на новиот прволигаш Академија ФМП.[16]

Репрезентативни настапи[уреди | уреди извор]

Делипетров бил член на македонската репрезентација под 16 години и со неа настапил на Европското првенство - Б Дивизија во 2008 година. Тој исто така бил вклучен и во македонската репрезентација под 20 години со која настапил на Европското првенство - Б Дивизија во 2011 и 2012 година.[17]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Фени Индустри[уреди | уреди извор]

Македонија Гоце Делчев[уреди | уреди извор]

Македонија Блокотехна НБ[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „KK Feni Industrija 2010-2011“. eurobasket.com. Посетено на 26 август 2018.
  2. „KK Feni Industrija 2011-2012“. eurobasket.com. Посетено на 26 август 2018.
  3. „Feni Industri - АБА Струмица 88:56“. Македонска Кошаркарска Федерација. 10 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-03-10. Посетено на 26 август 2018.
  4. „Втора лига мажи - сезона 2011-2012“ (PDF). Македонска Кошаркарска Федерација. Посетено на 26 август 2018.[мртва врска]
  5. „KK Goce Delchev 2012-2013“. eurobasket.com. Посетено на 26 август 2018.
  6. „KK Goce Delchev 2013-2014“. eurobasket.com. Посетено на 26 август 2018.
  7. „KK Goce Delchev 2014-2015“. eurobasket.com. Посетено на 26 август 2018.
  8. „Американецот Вајт ќе го „обелува" образот на Кожув до крајот на сезоната!“. sportmedia.mk. 29 декември 2015. Посетено на 26 август 2018.
  9. „Нов тренер и четири нови засилувања за Бест“. ekipa.mk. 14 јануари 2016. Посетено на 26 август 2018.[мртва врска]
  10. „KK Best 2015-2016“. eurobasket.com. Посетено на 26 август 2018.
  11. „KK Strumica 2016-2017“. eurobasket.com. Посетено на 26 август 2018.
  12. „KK Strumica 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 26 август 2018.
  13. „Струмица донесе уште еден Американец“. basketball.mk. 23 септември 2018. Посетено на 26 август 2018.[мртва врска]
  14. „Делипетров и Лефкоски дел од Блокотехна“. sportmedia.mk. 22 август 2018. Посетено на 26 август 2018.
  15. „Блокотехна донесе двајца македонски кошаркари“. gol.mk. 22 август 2018. Посетено на 26 август 2018.
  16. „Список на одобрени играчи и службени лица сезона 2019/20 - КК Академија ФМП“ (PDF). Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. 10 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2019-10-15. Посетено на 16 октомври 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  17. „Dimitar DELIPETROV“. archive.fiba.com. Посетено на 26 август 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]