Горан Главчев
Горан Главчев | |
---|---|
Позиција | Бек |
Висина | 1,91 м |
Тежина | 81 кг |
Лига | Прва македонска кошаркарска лига |
Клуб | Академија ФМП |
Роден | 19 јуни 1993 Гевгелија, Македонија |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 2007– |
Клубови | |
2007-2016 | Кожув |
2013-2014 | Македонија Млади (позајмица) |
2016 | Младост |
2016-2017 | Кожув |
2017–2019 | Блокотехна |
2017 | Радовиш (позајмица) |
2019-2020 | Работнички |
2020– | Академија ФМП |
Репрезентација | |
Инфо од: 21.09.2020. |
Горан Главчев (роден на 19 јуни 1993 во Гевгелија) — македонски кошаркар кој настапувал за Академија ФМП.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Горан Главчев ја имал започнато кошаркарската кариера во родниот гевгелиски Кожув кој се натпреварувал во Втората лига.[1][2] Кожув, заедно со Главчев, го освоиле второто место во Втората лига на сезоната 2010/11 и со тоа оствариле унапредување во Првата лига.[3] Горан Главчев, сега како прволигашки играч, продоложил да игра Кожув за во сезоната 2011/12.[4] Во сезоната 2012/13, Главчев со Кожув станал вицепрвак во Лигата.[5] Главчев во Кожув продолжил да игра и во сезоната 2013/14.[6] Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига.[7] Во сезоната 2014/15,[8] Горан како играч на Кожув станал вицепрвак во Купот 2015. Во Кожув останал и во сезоната 2015/16.[9] Сезоната 2016/17 ја започнал во српски Младост од Земун,[10] Но во декември истата година, се вратил во Кожув.[11] Но и таму не останал долго, и во јануари 2017 година, преку новооснованиот клуб Блокотехна, бил пратен во второлигашот Радовиш.[12] Откако Радовиш обезбедил пласман во Првата лига и откако Радовиш му го отстапил местото на Блокотехна, Главчев се вратил во новиот прволигаш за идната 2017/18.[13][14] За сезоната 2018/19, Главчев продолжил во редовите на Блокотехна.[15] Со Блокотехна, Главчев ја освоил Балканската лига 2018/19. Истата сезона, Главчев со Блокотехна станал вицепрвак во Купот 2019. Во јули 2019 година, во Горан Главчев се преселил во Работнички за сезоната 2019/20.[16][17] Во февруари 2020, Главчев се преселил во Академија ФМП.[18]
Успеси
[уреди | уреди извор]
Титули[уреди | уреди извор]Блокотехна НБ[уреди | уреди извор]
|
Признанија[уреди | уреди извор] |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „KK Kozuv 2007-2008“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
- ↑ „KK Kozuv 2009-2010“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
- ↑ „KK Kozuv 2010-2011“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
- ↑ „KK Kozuv 2011-2012“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
- ↑ „KK Kozuv 2012-2013“. eurobasket.com. Посетено на 5 август 2018.
- ↑ „KK Kozuv 2013-2014“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „Karpos - Reprezentacija 60:75“. Македонска Кошаркарска Федерација. 15 октомври 2013. Архивирано од изворникот на 2014-03-26. Посетено на 14 август 2018.
- ↑ „KK Kozuv 2014-2015“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „KK Kozuv 2015-2016“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „Главчев тргна со „тројка" и несреќен пораз“. sportmedia.mk. 9 октомври 2016. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „Горан Главчев повторно во редовите на Кожув“. ekipa.mk. 18 декември 2016. Архивирано од изворникот на 2020-08-15. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „Кожув остана без Главчев“. sportmedia.mk. 31 јануари 2017. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „Блокотехна – нов кошаркарски прволигаш“. ekipa.mk. 3 јули 2017. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „Блокотехна би играла во втората АБА лига“. sportmedia.mk. 3 јули 2017. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „Блокотехна потпиша со тројца македонски играчи“. ekipa.mk. 12 јули 2018. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „Работнички го потпиша првото засилување“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 22 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-24. Посетено на 24 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Главчев прв со потпис за Работнички“. ekipa.mk преку web.archive.org. 22 јули 2019. Посетено на 24 јули 2019.
- ↑ „Главчев го напушти Работнички, но останува во Скопје“. ekipa.mk преку web.archive.org. 21 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)