Марјан Младеновиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марјан Младеновиќ
Младеновиќ во дресот на Куманово
Младеновиќ во дресот на Куманово
Прекар(и)Маце
Фока[1]
ПозицијаРазигрувач
Висина1,80 м
Тежина72 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубРаботнички
Број10
Роден27 август 1987(1987-08-27)(36 г.)
Титов ВелесСР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Клубови
200?–2007Ангели Леов
2007–2010Овче Поле
2010-2011Ултимејт Баскет
2011–2015Куманово
2015–2017АВ Охрид
2017–2019Блокотехна
2017Радовиш (позајмица)
2019АВ Охрид
2019Куманово
2020-Работнички
Репрезентација
Инфо од: 19 јануари 2020.

Марјан Младеновиќ (роден на 27 август 1987 во Велес) — македонски кошаркар. Тој моментално е играч на Работнички.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Сезоната 2007/08 ја почнал во второлигашот Ангели Леов од Велес. Но на почетокот на сезоната Ангели Леов, и исто така второлигашот Овче Поле, се фузирале и со тоа Младеновиќ се префрлил во светиниколскиот клуб.[2] Сезоната 2008/09, Младеновиќ останал во Овче Поле,[3] кој претходно добил вајлд карта за настап во Првата лига. Следната сезона продолжил да настапува во Овче Поле со кој стигнал до полуфиналето во Првата лига и Купот на Македонија 2010.[4] Сезоната 2010/11 ја започнал во Овче Поле, но на крајот на октомври 2010 година, Младеновиќ се преселил во Ултимејт Баскет. Таму не останал долго бидејќи поради финансиската криза во клубот, во февруари 2011 го напуштил Ултимејт Баскет. За сезоната 2011/12, Младеновиќ потпишал за Куманово.[5]

Марјан Младеновиќ, македонски кошаркар

Во 2015 година, Младеновиќ се преселил во второлигашот АВ Охрид, клуб со кој ја освоил сезоната 2015/16. Во февруари 2017 година, Младеновиќ спогодбено го раскинал договорот со АВ Охрид.[6] Веднаш потоа се преселил во новооснованиот клуб Блокотехна кој го испратил во второлигашот Радовиш за доигрување на вториот дел од сезоната 2016/17.[7][8] Откако Радовиш обезбедил пласман во Првата лига и откако Радовиш му го отстапил местото на Блокотехна, Младеновиќ се вратил во новиот прволигаш.[9][10] За сезоната 2018/19, Младеновиќ продолжил во редовите на Блокотехна.[11] Со Блокотехна, Младеновиќ ја освоил Балканската лига 2018/19. Истата сезона, Младеновиќ со Блокотехна станал вицепрвак во Купот 2019. Во јули 2019 година, за сезоната 2019/20, Младеновиќ потпишал по вторпат за АВ Охрид.[12][13] Но пред самиот почеток на сезоната, откако АВ Охрид најавил распаѓање на клубот, Младеновиќ се преселил во Гостивар преку неофицијален устен договор.[14][15] Но по три дена и само еден пријателски натпревар, Младеновиќ го напуштил гостиварскиот клуб.[16][17] Неколку дена подоцна, тој потпишал за Куманово.[18] Во Куманово не останал долго и на крајот на декември, Младеновиќ добил исписница и заминал од клубот.[19] На почетокот на јануари 2020 година, Марјан Младеновиќ потпишал за Работнички.[20] Марјан бил сè уште под траечки договор со Работнички за сезоната 2020/21.[21]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Младеновиќ.[22] Но во февруари, по првиот филтер, тој отпаднал од составот.[23]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија АВ Охрид[уреди | уреди извор]

Македонија Блокотехна НБ[уреди | уреди извор]

  • Втора најдобра петорка на сезоната 2018/19[24]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2018/19[24]
  • Одбранбен играч на сезоната 2019/20[25]
  • Прва најдобра петорка на сезоната 2019/20[25]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2019/20[25]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Марјан Младеновиќ си замина од АВ Охрид“. sportmedia.mk. 6 февруари 2017. Посетено на 17 јануари 2018.
  2. „KK Ovce Pole - roster 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 17 јануари 2018.
  3. „Торус-Овче Поле - сезона 2008/2009“ (PDF). Кошаркарска федерација на Македонија. Посетено на 17 јануари 2018.[мртва врска]
  4. „Кошаркарски Куп на Македонија“. Кошаркарска федерација на Македонија преку issuu.com. 22 март 2010. Посетено на 17 јануари 2018.
  5. „КК Куманово (2011/12)“. Кошаркарска федерација на Македонија. Архивирано од изворникот на 2012-04-16. Посетено на 17 јануари 2018.
  6. „АВ Охрид спогодбено се раздели со Младеновиќ“. sportmedia.mk. 6 февруари 2017. Посетено на 17 јануари 2018.
  7. „Младеновиќ го напушти АВ Охрид и го засили Радовиш“. ekipa.mk. 6 февруари 2017. Посетено на 17 јануари 2018.
  8. „Младеновиќ го напушти АВ Охрид и го засили Радовиш“. gol.mk. 6 февруари 2017. Посетено на 17 јануари 2018.
  9. „Блокотехна – нов кошаркарски прволигаш“. ekipa.mk. 3 јули 2017. Посетено на 17 јануари 2018.
  10. „Блокотехна би играла во втората АБА лига“. sportmedia.mk. 3 јули 2017. Посетено на 17 јануари 2018.
  11. „Блокотехна потпиша со тројца македонски играчи“. ekipa.mk. 12 јули 2018. Посетено на 14 јули 2018.
  12. „Со Охрид нема шега – се создава тим за плеј-оф“. ekipa.mk. 4 јули 2019. Посетено на 5 јули 2019.
  13. „АВ Охрид потпиша со Мекиќ и Младеновиќ“. gol.mk. 5 јули 2019. Посетено на 5 јули 2019.
  14. „МЛАДЕНОВИЌ: Го избрав Гостивар зашто никој нема таква публика!“. basketball.mk преку web.archive.org. 3 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2019-10-03. Посетено на 3 октомври 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  15. „Младеновиќ не дочека деби во Охрид, во новата сезона ќе игра за Гостивар“. gol.mk преку web.archive.org. 3 октомври 2019. Посетено на 3 октомври 2019.
  16. „Кратко траеше љубовта: Младеновиќ си замина од Гостивар!“. basketball.mk преку web.archive.org. 6 октомври 2019 2019. Посетено на 7 октомври 2019. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  17. „Младеновиќ по само 12 часа си замина од Гостивар, од клубот се револтирани“. gol.mk преку web.archive.org. 6 октомври 2019. Посетено на 7 октомври 2019.
  18. „ОФИЦИЈАЛНО: Младеновиќ е играч на Куманово“. basketball.mk преку web.archive.org. 10 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2019-10-10. Посетено на 11 октомври 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. „Марјан Младеновиќ ново големо засилување за Работнички“. ekipa.mk преку web.archive.org. 28 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  20. „Зборот на тренерите пред вториот дел од сезоната - Димитар Мираковски (Работнички): Сакам Работнички да игра многу подобра кошарка“. Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. 16 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-19. Посетено на 19 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  21. „Глигоријевиќ во Куманово!“. basketball.mk преку web.archive.org. 3 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-03. Посетено на 3 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  22. „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  23. „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  24. 24,0 24,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  25. 25,0 25,1 25,2 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]