Петар Николиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Петар Николиќ
Прекар(и)Врање
ПозицијаБек
Висина1,89 м
Тежина88 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
ЕкипаБлокотехна
Роден25 септември 1993 (1993-09-25) (26 г.)
Врање, СР Југославија
НационалностСрбин
Македонец
Проф. кариера2008–
Клубови
2008-2011Морава
2012БСК Јуниор
2012-2015Водњански Лисици
2015–2018Работнички
2018-2019Блокотехна
2019-Еуроникел 2005
Репрезентација
Инфо од: 09.08.2019.

Петар Николиќ (роден на 25 септември 1993 во Врање) — српски кошаркар кој настапува за Еуроникел 2005. Тој поседува и македонско државјанство.[1]

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Младинска кариера[уреди | уреди извор]

Првите кошаркарски знаење ги научил во клубот Економац и Пантери од Врање. Играл и за младинските категории на КК Југ од родниот град. Југ го испратил Николиќ на позајмица во БСК Јуниор од Бујановац. Потоа Николиќ побарал исписница и се префрлил во КК Морава од Владичин Хан.[2][1]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

На свои петнаесет години, Николиќ дебитирал за сениорскиот состав на Морава кој се натпреварувал во Првата српска лига (втора по ранг) и станал редовен член на сениорската екипа.[1][2] На полусезоната од сезоната 2011/12, Петар Николиќ се префрлил во Бујановац, исто така клуб од Првата српска лига.[3][4] По завршувањето на сезоната 2011/12, Николиќ бил на проба во Работнички.[5] Во сезоната 2012/13 заиграл за второлигашот Водњански Лисици.[6] Следната сезона продолжил во Водњански Лисици и го освоиле второто место кое водело во Првата лига.[7] Во сезоната 2014/15 Николиќ останал во Водњански Лисици, со кој не успеал да опстане во Првата лига.[8] Следната сезона потпишал за Работнички и станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015. Во сезоната 2016/17 останал во Работнички и стигнал до полуфиналето на Првенството и Купот на Македонија 2017.[9] Во Работнички, Николиќ продолжил да настапува и во сезоната 2017/18.[10] Во таа сезона, Николиќ со Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак. За сезоната 2018/19, Николиќ се преселил во редовите на Блокотехна.[11] Со Блокотехна, Николиќ ја освоил Балканската лига 2018/19. Истата сезона, Николиќ со Блокотехна станал вицепрвак во Купот 2019. Во август 2019 година, Николиќ ги сменил клубските бои и заиграл за Еуроникел 2005.[12]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Македонија Блокотехна НБ[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Почесно споменување во сезоната 2018/19[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Sanjam dres reprezentacije Makedonije“, vranjske.co.rs, 8 декември 2016 (посет. 7 февруари 2018 г).
  2. 2,0 2,1 Stomatolog u Partizanu“, vranjske.co.rs, 11 август 2011 (посет. 7 февруари 2018 г).
  3. Derbi Bujanovčanima“, vranjske.co.rs, 15 декември 2011 (посет. 7 февруари 2018 г).
  4. Moje vreme tek dolazi“, vranjske.co.rs, 12 јануари 2012 (посет. 7 февруари 2018 г).
  5. Nikolić u Rabotničkom“, vranjske.co.rs, 10 мај 2012 (посет. 7 февруари 2018 г).
  6. KK Vodnjanski Lisici - roster 2012-13“, eurobasket.com (посет. 7 февруари 2018 г).
  7. KK Vodnjanski Lisici - roster 2013-14“, eurobasket.com (посет. 7 февруари 2018 г).
  8. KK Vodnjanski Lisici - roster 2014-15“, eurobasket.com (посет. 7 февруари 2018 г).
  9. KK Rabotnicki - roster 2016-17“, eurobasket.com (посет. 7 февруари 2018 г).
  10. Американец во „Градски парк“: Гинјард потпиша за Работнички“, ekipa.mk, 22 август 2017 (посет. 7 февруари 2018 г).
  11. Се засилува и Блокотехна – две нови имиња во Гевгелија“, ekipa.mk, 21 јули 2018 (посет. 22 јули 2018 г).
  12. Петар Николиќ потпиша со Фени Индустри“, ekipa.mk преку web.archive.org, 8 август 2019 (посет. 9 август 2019 г).
  13. Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“, eurobasket.com преку web.archive.org, 18 јуни 2019 (посет. 22 јуни 2019 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]