Марјан Илиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марјан Илиевски
ПозицијаБек (како кошаркар)
Тренер
Висина1,94 м
Тежинакг
ЛигаКосовска Суперлига
ЕкипаРаховеци
Роден7 декември 1975 (1975-12-07) (44 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1996–2002
Клубови
As player:
1996-1997Неметали Огражден
1997-2000Куманово
2000МЗТ Аеродром
2000-2001Никол Ферт
2001-2002Куманово
As coach:
2009–2010Вардар Осигурување
(помошник тренер)
2012-2014Лирија
2014-2015Сигал Приштина
2016Кожув
2017-2019Блокотехна НБ
2019АВ Охрид
2019-Раховеци
Репрезентација
Инфо од: 28.10.2019.

Марјан Илиевски (роден 7 декември 1975 во Скопје) — поранешен македонски кошаркар и тренер на косовски Раховеци.

Историја[уреди | уреди извор]

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Во сезоната сезоната 2013/14, Илиевски со Лирија стигнал до полуфиналето во Првенството, додека во Купот станал вицепрвак. Поради распаѓањето на Лирија во 2014 година, Илиевски станал слободен тренер.[1] Во пресрет на сезоната 2014/15, Илиевски потпишал за косовскиот клуб Сигал Приштина,[2] екипа со кој го освоил домашното првенство, косовскиот Куп и Балканското првенство. Во декември 2015 година, Приштина и Илиевски меѓусебно го раскинале договорот.[3] Во февруари 2016 година, Марјан Илиевски станал главен тренер на Кожув,[4][5][6] каде што останал до крајот на сезоната. Во јануари 2017 година, Илиевски станал тренер на новиот проект-клуб Блокотехна[7] Сезоната 2017/18, како тренер на дебитантот Блокотехна НБ, Илиевски стигнал до полуфиналето на Првенството и Купот.[8][9] Во сезоната 2018/19, Марјан останал во Блокотехна,[10] со која станал првак во БИБЛ натпреварувањето и вицепрвак во Купот на Македонија 2019. За сезоната 2019/20, Илиевски потпишал за АВ Охрид.[11][12] Но откако на 30 септември, односно на пет дена пред планираниот почеток на сезоната, АВ Охрид најавил распад на клубот и со тоа Илиевски станал слободен тренер.[13] На крајот на октомври, Илиевски пронашол ангажман во косовски Раховеци.[14][15]

Успеси[уреди | уреди извор]

Тренерски титули[уреди | уреди извор]

Косово Приштина[уреди | уреди извор]

Македонија Блокотехна[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. КК Лирија замина во историјата – отворено писмо на тренерот Марјан Илиевски“, tip.com.mk, 2014 (посет. 10 јули 2019 г).
  2. Марјан Илиевски е нов тренер на Сигал Приштина“, tip.com.mk, 2014 (посет. 10 јули 2019 г).
  3. Марјан Илиевски ја напушти Приштина“, gol.mk, 8 декември 2015 (посет. 10 јули 2019 г).
  4. Кожув го отпушти Кукулекидис, нов тренер е Марјан Илиевски“, ekipa.mk, 3 февруари 2016 (посет. 10 јули 2019 г).
  5. Кожув и со трет тренер: Кукулекидис избркан, Илиевски нов предводник!“, sportmedia.mk, 3 февруари 2016 (посет. 10 јули 2019 г).
  6. Тренери се менуваат како чорапи: Кожув со отказ за Кукулекидис, Илиевски трет тренер сезонава“, sport365.mk, 3 февруари 2016 (посет. 10 јули 2019 г).
  7. Главчев почнува нова кошаркарска приказна – Блокотехна“, ekipa.mk, 9 јануари 2017 (посет. 10 јули 2019 г).
  8. Блокотехна – нов кошаркарски прволигаш“, ekipa.mk, 3 јули 2017 (посет. 10 јули 2019 г).
  9. Блокотехна би играла во втората АБА лига“, sportmedia.mk, 3 јули 2017 (посет. 10 јули 2019 г).
  10. Блокотехна и Илиевски продолжуваат заедно кон нови успеси“, ekipa.mk, 10 јули 2018 (посет. 10 јули 2019 г).
  11. Илиевски се раздели со Блокотехна, ја презема клупата на АВ Охрид“, ekipa.mk, 26 јуни 2019 (посет. 10 јули 2019 г).
  12. Марјан Илиевски во новата сезона на кормилото на АВ Охрид“, gol.mk, 26 јуни 2019 (посет. 10 јули 2019 г).
  13. Илиевски: Штета, Охрид можеше да биде успешна кошаркарска приказна“, ekipa.mk преку web.archive.org, 1 октомври 2019 (посет. 1 октомври 2019 г).
  14. Илиевски ќе ја брани титулата во БИБЛ“, basketball.mk преку web.archive.org, 27 октомври 2019 (посет. 28 октомври 2019 г).
  15. Марјан Илиевски најде нов ангажман по Охрид“, ekipa.mk преку web.archive.org, 27 октомври 2019 (посет. 28 октомври 2019 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]