Спортска сала Куманово
Спортска сала Куманово | |
---|---|
Место | Куманово, Македонија |
Започнат | 1979 |
Отворен | 1980 |
Сопственик | Општина Куманово |
Архитект | Трајко Димитров Живко Гелевски |
Игра | КК Куманово[1] РК Куманово ЖРК Куманово |
Гледачи | 4,150 |
Спортската сала Куманово е затворен спортски објект кој се наоѓа во Куманово, Македонија. Салата има сместивост од 4,150 седишта и била изградена во 1980.
Салата е најголемата затворена спортска сала во Куманово, каде се одржуваат кошаркарски, ракометни, футсал, одбојкарски и боксерски натпревари.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Спортската сала во Куманово била проектирана од архитектите Трајко Димитров и Живко Гелевски во 1979 година. Градбата ја добило Големата награда на Биеналето на Македонската архитектура (БИМАС) во 1981 година. Спортската сала била пуштена во употреба во 80-тите години на 20-от век.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ KK Kumanovo Korac Cup 1999 - FIBA Europe
- ↑ „Тајландски бокс во Куманово“.
- ↑ „Спортската сала во Куманово ќе се реконструира“. build.mk. 3 мај 2018. Архивирано од изворникот на 2018-10-03. Посетено на 15 октомври 2018.
|