Урош Луковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Урош Луковиќ
ПозицијаЦентар
Висина2,13 м
Тежина116 кг
ЛигаПрва српска лига
АБА лига
ЕкипаПартизан
Роден8 јуни 1989
Белград, Србија
НационалностСрбин
Проф. кариера2006–
Кариера

Урош Луковиќ (роден 8 јуни, 1989 во Белград,Србија) е кошаркар кој игра на позицијата центар и е моментално играч на Партизан.

Кариера[уреди | уреди извор]

Урош Луковиќ својата кариера ја започнал во српскиот тим Торлак од Белград, подоцна потпишал 4 годишен договор со еден од најдобрите српски клубови ФМП. Едно време играл како позајмен играч за тимот на Раднички ФМП, за подоцна да се пресели во Шпанија, односно во тимот на Сарагоса. Во шпанскиот тим се задржал една сезона, па во 2011 година потпишал договор со тимот на Куманово каде останал две сезони. Во 2013 се преселил во естонски Тарту Уликоол, каде играл една полусезона. На почетокот на 2014 година, Урош повторно потпишал за Куманово каде играл до крајот на сезоната и воедно негов тренер бил неговиот татко Љубисав Луковиќ. За сезоната 2014/15, Луковиќ потпишал за Кожув, но предвреме го раскинал договорот и во декември 2014 година по трет пат потпишал за Куманово. [1][2] Со Куманово во 2015г., станал вицепрвак во Првенството каде во финалето загубиле од МЗТ Аеродром.[3][4] На почетокот на декември 2015 година, Урош своеволно го напуштил Куманово.[5][6] Набрзо потоа потпишал за МЗТ Аеродром.[7][8][9] Во август 2016 година, Урош потпишал двегодишен договор со српски Партизан.[10][11]

Урош Луковиќ ги има поминато сите млади кошаркарски селекции на Србија, во два наврати се пријавувал и на НБА драфтот (2010,2011) но не бил избран.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Урош Луковиќ е син на поранешниот југословенски кошаркар Љубисав Луковиќ, кој во својата кариера работел и како скаут на НБА тимот Феникс Санс. Урош Луковиќ има помлад брат Марко Луковиќ кој настапувал во српскиот тим Мега Лекс и германски Трир и бил негов соиграч во МЗТ Аеродром во сезоната 2015/16,[12][13][14][15] а моментално игра во словенечка Крка.[16][17]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули во Првенството[уреди | уреди извор]

Титули во Купот[уреди | уреди извор]

Награди[уреди | уреди извор]

Во 2012 година Урош Луковиќ бил прогласен за МВП на регуларниот дел на БИБЛ Лигата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. / Урош Луковиќ си замина од Кожув, следи камбек во Куманово ekipa.mk 4 декември 2014
  2. Урош Луковиќ потпиша за Куманово ekipa.mk 4 декември 2014
  3. МЗТ е старо-нов шампион: Аеродром слави четврта титула! ekipa.mk 2 јуни 2015
  4. „Јане Сандански“ дочека да слави: МЗТ со „метла“ удри печат на четвртата титула по ред! sportmedia.mk 2 јуни 2015
  5. Урош Луковиќ се раздели со Куманово! sport365.mk 7 декември 2015
  6. КК Куманово: Луковиќ самиот побара исписница, му посакуваме многу среќа ekipa.mk 7 декември 2015
  7. Урош Луковиќ се договори со МЗТ! ekipa.mk 15 декември 2015
  8. Официјално: Урош Луковиќ до крајот на сезоната во дресот на МЗТ! sportmedia.mk 15 декември 2015
  9. Официјално: Српскиот „џин“ го засили МЗТ Аеродром! sport365.mk 15 декември 2015
  10. Партизан прв до Луковиќ sportmedia.mk 8 август 2016
  11. Урош Луковиќ две години во Партизан ekipa.mk 9 август 2016
  12. Официјално: Марко Луковиќ потпиша за МЗТ ekipa.mk 17 август 2015
  13. Луковиќ е новото засилување на МЗТ Аеродром sport365.mk 17 август 2015
  14. МЗТ се засили: Марко Луковиќ од Трир пристигнува во Аеродром sportclub.mk 17 август 2015
  15. „Штрковите“ посилни за Луковиќ derbi.mk 17 август 2015
  16. Марко Луковиќ го смени МЗТ за Крка sportmedia.mk 6 јули 2016
  17. Луковиќ си замина од МЗТ и потпиша за Крка ekipa.mk 6 јули 2016