Финикс Санс

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Феникс Санс)
Финикс Санс
Финикс Санс лого
Финикс Санс лого
Конференција Западна Конференција
Дивизија Тихоокеанска дивизија
Основан 1968
Историја Финикс Санс (1968–)
Арена Центар „УС Ервејс“
Град Финикс (Аризона), САД
Тимски бои                    
Сопственик/ци Роберт Сарвер
Генерален менаџер Џејмс Џонс
Тренер Монти Вилијамс
Шампиони Никогаш
Конференциски титули 2 (1976, 1993)
Дивизиски титули 6 (1981, 1993, 1995, 2005, 2006, 2007)
Мрежно место suns.com
Дома jersey
Team colours
Дома
Гости jersey
Team colours
Гости


Арената на Финикс
Санс против екипата на ЛА Клиперс

Финикс санс (англиски: Phoenix Suns) се професионален кошаркарски тим сместен во Финикс, Аризона. Тие се членови на Тихоокеанската дивизија (Западна конференција) во НБА. центарот „УС Ервејс“ (англиски: US Airways Center) го користат како домашен стадион од 1992. Санс биле особено успешни откако почнале да играат како нов тим во 1968. За четириесет и една година играње тие успеале да влезат осум пати во полуфиналето на НБА плејофот. И покрај тоа што играат успешно четири децении, тие немаат освоено ниту една НБА титула.[1]

Санс биле едни од два тима што влегле во НБА на стартот на сезоната во 1968-69, заедно со Милвоки Бакс. Финикс Санс бил првиот професионален тим од прва лига од државата Аризона.[2]

Во 1992, Санс се преместиле во новата арена, во која се и ден денес. Истата година во Финикс не била само арената ново нешто, туку го земале и Чарлс Баркли од Филаделфија. Тој со Финикс во 1993, ја освоил неговата прва и единствена МВП титула.
Под водството на Пол Вестфал, со помош на Баркли, Мејирли, Џонсон и Ејнџи победија на 62 натпревари. Во плејофот стигнале до финалето, и изгубиле од Чикаго Булс, со Мајкл Џордан и Скоти Пипен.

За сезоната 2000-01, Финикс Санс претставиле три нови аблеми. Два од овие биле само малку сменети од претходните, со помодерен дизајн и додавање на сивата боја.

Состав[уреди | уреди извор]

Име Години Држава Височина Позиција
Диандре Ејтон 23  Бахами 2.11м Центар
Бизмек Бијомбо 29 Република Конго Република Конго 2.03м Центар
Девин Букер 25  САД 1.96м бек
Микал Бриџес 25  САД 1.98м крило
Тори Крег 31  САД 2.01м бек/крило
Џеј Краудер 31  САД 1.98м крило/Крилен Центар
Ерон Холидеј 25  САД 1.83м плејмејкер
Камерон Џонсон 25  САД 2.03м крило
Френк Камински 28  САД 2.13м Крилен Центар/Центар
Џавел Мекги 34  САД 2.13м Центар
Крис Пол 36  САД 1.83м плејмејкер
Камерон Пејн 27  САД 1.85м плејмејкер
Елфрид Пејтон 27  САД 1.91м плејмејкер
Дарио Шариќ 27  Хрватска 2.08м Крилен Центар
Ландру Шемет 24  САД 1.93м бек
Ишмаил Вeјнрајт 27  САД 1.98м Крилен Центар

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]