Марјан Јанески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марјан Јанески
Јанески во дресот на Куманово
Јанески во дресот на Куманово
ПозицијаКрилен центар
Висина2,03 м
Тежина107 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубГостивар
Роден26 февруари 1988(1988-02-26)(36 г.)
Гостивар, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2006–
Клубови
2006–2007Маврово
2008–2009Работнички
2008–2009Торус (позајмица)
2009–2011Торус
2011МЗТ Аеродром
2011-2018Куманово 2009
2018-2019Работнички
2019-2020Куманово 2009
2020-Гостивар
Репрезентација
Инфо од: 18.06.2020.

Марјан Јанески (роден на 26 февруари 1988 во Гостивар) — македонски кошаркар и член на македонската машка репрезентација. Тој настапува за кошаркарскиот клуб Гостивар.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупски настапи[уреди | уреди извор]

Својата професионална кариера ја започнал гостиварски Маврово во 2006 година. Во Маврово играл сè до крајот на 2007 година. Во јануари 2008 година, за време на полусезоната, Марјан Јанески се префрлил во Работнички.[1][2] За сезоната 2008/09, Јанески бил вклучен во екипата на Работнички,[3] но потоа бил пратен на позајмица во Торус. За следната сезона целосно се префрлил во Торус каде играл сè до 2011 година. Во јули 2011 година, Јанески се префлил во МЗТ Аеродром.[4] Во МЗТ, Јанески останал сè до ноември истата година, кога се префрлил во Куманово 2009.[5][6] За сезоната 2017/18, тој ја продолжил соработката со Куманово.[7] За сезоната 2018/19, Јанески се преселил во Работнички.[8][9][10] Со Работнички, Јанески го освоил Купот 2019, додека во Првенството бил вицепрвак. На почетокот на август 2019 година, Јанески бил во преговори со Куманово.[11][12] Во средината на август, Јанески официјално ги сменил клупските бои и по вторпат заиграл за Куманово.[13][14] За сезоната 2020/21, во средината на јуни 2020 година, тој потпишал двогодишен договор со Гостивар.[15][16]

(Куманово - Фени индустри) 12.11.2017
(Куманово - Гостивар) 05.05.2018

Репрезентативни настапи[уреди | уреди извор]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Трета најдобра петорка на сезоната 2016/17[17]
  • Втора најдобра петорка на сезоната 2017/18[18]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2017/18[18]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2018/19[19]
  • Почесно споменување во сезоната 2018/19[19]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2019/20[20]
  • Почесно споменување во сезоната 2019/20[20]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „МЗТ најактивен на пазарот“. utrinski.mk. 13 јануари 2008. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 1 февруари 2017.
  2. „Нема големи измени во ростерот на АМАК СП !“. ohridnews.com. 14 јануари 2008. Посетено на 1 февруари 2017.
  3. „Тони Грнчаров ново име во Работнички Фершпед“. netpress.com.mk. 30 јуни 2008. Посетено на 18 јануари 2018.[мртва врска]
  4. „Тодоров задоволно ги трие рацете“. vecer.mk. 22 јули 2011. Посетено на 1 февруари 2017.[мртва врска]
  5. „Јанески потпиша, Куманово го чека Брукс!“. sport.com.mk. 25 ноември 2011. Посетено на 1 февруари 2017.[мртва врска]
  6. „Дали Куманово ќе го запре Торус?“. ekipa.mk. 26 ноември 2011. Посетено на 1 февруари 2017.[мртва врска]
  7. „Јанески останува со Куманово“. ekipa.mk. 6 јули 2017. Посетено на 15 октомври 2017.
  8. „Јанески се премисли, потпишува за Работнички“. ekipa.mk. 19 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  9. „ДОГОВОРЕНО: И Јанески во „Градски парк". sportmedia.mk. 19 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  10. „Работнички пак пазари од Куманово, Јанески доаѓа во „Градски парк". gol.mk. 20 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  11. „Јанески го напушти Работнички и се врати во Куманово“. gol.mk преку web.archive.org. 3 август 2019. Посетено на 3 август 2019.
  12. „Враќање назад: Јанески од Работнички во Куманово“. ekipa.mk преку web.archive.org. 3 август 2019. Посетено на 3 август 2019.
  13. „Куманово донесе три засилувања, Петровиќ ќе прозива на 21 август“. gol.mk преку web.archive.org. 16 август 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-16. Посетено на 16 август 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  14. „Кумановци се активираа, три потписи во еден ден“. ekipa.mk преку web.archive.org. 16 август 2019. Посетено на 16 август 2019.
  15. „Гостивар прави супер-тим: Потпиша Јанески, останува и Штерјов“. ekipa.mk преку web.archive.org. 18 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-18. Посетено на 18 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  16. „По 12 години Јанески се врати во Гостивар“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 18 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-18. Посетено на 18 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  17. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2017“. eurobasket.com. 29 мај 2017. Посетено на 7 февруари 2018.
  18. 18,0 18,1 „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 12 јуни 2018.
  19. 19,0 19,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  20. 20,0 20,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]