Петар Наумоски
Петар Наумоски | |
---|---|
Позиција | Разигрувач |
Висина | 1.94 м |
Тежина | кг |
Роден | 27 август 1968 Прилеп, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец/Турчин[б 1] |
Проф. кариера | 1989–2011 |
Клубови | |
КК Сплит КК Работнички Ефес Пилсен Бенетон Тревизо Ефес Пилсен Бенетон Тревизо Монтепаски Сиена Олимпија Милано Улкерспорт МЗТ Аеродром | |
Репрезентација |
Петар Наумоски (роден на 27 август 1968 во Прилеп) — македонски поранешен кошаркар и кошаркарски функционер.
Животопис
[уреди | уреди извор]Во периодот од 2002 до 2006 година, Наумоски бил пратеник во Собранието на Република Македонија, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. По завршувањето на мандатот, во 2006 година, Наумовски побарал и користел апанажа во траење од една година.
Во 2000 година, Наумовски стапил во црковен брак со Сања Обрадовиќ со која има три деца. Притоа, според искажувањето на Обрадовиќ, тие не биле регистрирани во граѓански брак, бидејќи Наумовски веќе бил во брак со некоја Италијанка. Наумовски и Обрадовиќ се разделиле во мај 2012 година. Со неа, Наумовски има три деца, при што, по разделбата, постариот син останал да живее со него, додека двете помали деца продолжиле да живеат со мајка им.[1]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]На 30 мај 1993 година, Наумоски го одиграл првиот натпревар за македонската репрезентација.[2]
Останата кариера
[уреди | уреди извор]Во април 2015 година, Наумоски бил избран за претседател на Македонската кошаркарска федерација.[3] Во мај 2019 година, на Наумоски му истекол мандатот како претседател и бил наследен од единствениот кандидат на таа позиција - Перо Антиќ.[4][5]
Признанија и награди
[уреди | уреди извор]Во февруари 2017 година, кошаркарскиот клуб Ефес го повлекла бројот 7 од употреба, број со кој настапувал Петар Наумоски во екипата. Симболично бил повлечен бројот за време на натпреварот Ефес : Армани Милано, клуб во кој исто така играл Наумоски.[6][7][8]
Други дела
[уреди | уреди извор]Веднаш по повлекувањето на седумката во Ефес, Петар Наумоски ја промовирал модната линија „П7“, наменета за турскиот пазар.[9]
Забелешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Има добиено турско државјанство под името Полат Намик.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ирена Мулачка, „Ме избрка од Македонија, а на децата не им дава ниту денар алиментација!“, Фокус, број 1044, 9 октомври 2015, стр. 24-26.
- ↑ „Пред 25 години Давитков, Наумоски, Блажевски, Војновиќ првпат играа за Македонија!“. gol.mk. 30 мај 2018. Посетено на 5 јуни 2018.
- ↑ Ирена Мулачка, „Ме избрка од Македонија, а на децата не им дава ниту денар алиментација!“, Фокус, број 1044, 9 октомври 2015, стр. 24-25.
- ↑ „Наумоски нема да се кандидира – Перо Антиќ нов претседател на МКФ“. ekipa.mk. 15 мај 2019. Посетено на 15 мај 2019.
- ↑ „Антиќ му кажа збогум на Наумоски, мак-баскетот доби нов „татко"“. gol.mk. 15 мај 2019. Посетено на 15 мај 2019.
- ↑ „Ефес му се поклони на Петар Наумоски“. ekipa.mk. 9 февруари 2017. Посетено на 11 февруари 2017.
- ↑ „„Седумката" на Наумоски највисоко во Истанбул“. sportmedia.mk. 9 февруари 2017. Посетено на 11 февруари 2017.
- ↑ „Ефес ја повлече „седумката" на Наумоски и со епски пресврт го совлада Милано!“. gol.mk. 9 февруари 2017. Посетено на 11 февруари 2017.
- ↑ „Пеце го воведува „П7", новиот моден бренд во Турција“. sportmedia.mk. 10 февруари 2017. Посетено на 11 февруари 2017.