Емил Рајковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Емил Рајковиќ
ПозицијаБек шутер (како кошаркар)
Тренер
Висина1,96 м
Тежинакг
Број5
Роден11 септември 1978(1978-09-11)(45 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера1996–2005
Клубови
Како играч:
1996-1997Работнички
1997-1998Куманово
1998-2002Работнички
2002Вардар
2003Нир Ист
2003-2004МЗТ Аеродром
2004-2005ФОН
Како тренер:
2005–2006Тоа Сум Јас
2006-2007Фени Индустри
(тренер)
2007-2012Фени Индустри
2013–2014Работнички
2014-2016Сласк Вроцлав
2016МЗТ Аеродром
2016-2018Стал Острув Вјелкополски
2018-2021Астана
2019-2020Казахстан
Репрезентација
Инфо од: 01.06.2021.

Емил Рајковиќ (роден 11 септември 1978 во Скопје) — поранешен кошаркар и репрезентативец на Македонија, и тренер без ангажман и поранешен изборник на казахстанската репрезентација.

Историја[уреди | уреди извор]

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Својата кариера ја започнал во Работнички во сезоната 1996/97. За сезоната 1997/98, Рајковиќ се преместил во Куманово. За следната сезона, Емил се вратил во Работнички со кој го освоил Првенството 1999 и 2001.[1] Следната сезона играл сè уште во Работнички, станувајќи вицепрвак во Купот 2002 и првак во Првенството. Сезоната 2002/03, потпишал за Вардар.[2] Но за време на таа полусезона, Емил Рајковиќ го напуштил Вардар.[3] Во јануари 2003 година, Рајковиќ потпишал за грчки Нир Ист.[1] За сезоната 2002/04, тој се вратил во Македонија, поточно во МЗТ Аеродром. Во сезоната 2004/05, Рајковиќ настапувал за струшки Фон.

Тренерска клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рајковиќ од 2003 до 2005 година бил тренер младинската школа на Торус. За сезоната 2005/06 станал помошник тренер на прволигашот Тоа Сум Јас.[1][4] За сезоната 2006/07, Емил станал помошник тренер во Фени Индустри, каде останал на таа позиција сè до Супер лигата и станал главен тренер. Во сезоната 2007/08, Рајковиќ со Фени ја Купот 2008 и Првенството. Следната сезона бил вицепрвак во Лигата. Во сезоната 2009/10, Емил Рајковиќ повторно ја освоил двојната круна со Фени. Во следната сезона, Рајковиќ ја одбранил титулата во домашното Првенство, и исто така ја освоил Балканската лига во истата сезона. Во сезоната 2011/12, Рајковиќ со Фени бил вицепрвак во Лигата и Купот. Сезоната 2012/13 ја започнал во Фени Индустри, но во јануари 2013 година потпишал две и пол годишен договор со Работнички.[5][6] Со Работнички бил вицепрвак во сезоната 2013/14. Во јули 2014 година, Рајковиќ потпишал за полски Сласк Вроцлав,[7] Рајковиќ во Сласк бил тренер сè до елиминацијата во разигрувањето кога го напуштил кормилото.[8] За следната сезона, Емил повторно станал тренер на Сласк.[9] Во јуни 2016 година, Емил потпишал за МЗТ Аеродром.[10][11][12] Со МЗТ, Рајковиќ со освоил Суперкупот на Македонија 2016. Поради лошите резултати во АБА лигата, Рајковиќ си дал оставка како тренер од клубот.[13][14][15] Веднаш потоа Емил се вратил во Полска и потпишал за Стал Острув Вјелкополски.[16][17] За сезоната 2017/18, Рајковиќ со Стал станал вицепрвак во полското првенство.[18][19] Во јули 2018 година, Рајковиќ ја сменил средината и потпишал за Астана од Казахстан.[20][21] За сезоната 2019/20, Рајковиќ продолжил како тренер на Астана.[22][23] Таа сезона Рајковиќ не ја завршил до крај бидејќи домашното казахстанско првенство и ВТБ лигата, со одлука на нивните извршни органи во март, биле принудени да се прекинат поради ширењето на COVID-19.[24] На крајот на мај, казахстанската федерација службено го прекинала првенството и ја прогласила Астана, а со тоа и Рајковиќ, како првак.[25][26] Во март 2021 година, Рајковиќ и Астана со освоиле Купот на Казахстан.[27] По освојувањето на третата првенствена титула,[28] тој ја напуштил КК Астана и се вратил во Македонија.[29]

Тренерска репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Во ноември 2019 година, Кошаркарската Федерација на Казахстан го поставила Рајковиќ за избирач на казахстанската репрезентација.[30][31]

Успеси[уреди | уреди извор]

Играчки титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Тренерски титули[уреди | уреди извор]

Македонија Фени Индустри[уреди | уреди извор]

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Казахстан Астана[уреди | уреди извор]

  • Казахстанско првенство (3) : 2018/19, 2019/20, 2020/21
  • Казахстански куп (2) : 2019, 2021

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Тренер на сезоната 2007/08[32]
  • Македонски тренер на годината 2008[33][34]
  • Македонски тренер на годината 2010[35][36]
  • Тренер на сезоната 2010/11[37]
  • Македонски тренер на годината 2014[38][39]
  • Тренер на ВТБ лигата во сезоната 2018/19[40][41]
  • Македонски тренер на годината во странство 2019[42][43]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Emil Rajkovic basketball profile“. eurobasket.com. Посетено на 1 февруари 2017.[мртва врска]
  2. „Тодоров, Гоцевски, Мираковски и Рајковиќ црвено-црни“. utrinski.mk. 2002. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 1 февруари 2017.
  3. „Д. Боцевски во Карпош Соколи, а Р. Стефанов во Работнички Ф.“. dnevnik.com.mk. 2003. Посетено на 1 февруари 2017.[мртва врска]
  4. „Кошаркарска ујдурма со филмска продукција“. vecer.mk. 2 јули 2005. Посетено на 12 јануари 2019.[мртва врска]
  5. „Емил Рајковиќ ќе му ја враќа старата слава на Работнички“. dnevnik.mk. 8 јануари 2013. Посетено на 1 февруари 2017.[мртва врска]
  6. „Рајковиќ две и пол годил во Работнички“. utrinski.mk. 8 јануари 2013. Посетено на 1 февруари 2017.[мртва врска]
  7. „Официјално: Емил Рајковиќ потпиша едногодишен договор со полски Сласк!“. sportmedia.mk. 17 јули 2014. Посетено на 1 февруари 2017.
  8. „Рајковиќ ја напушти тренерската клупа на Сласк“. dnevnik.mk. 6 мај 2015. Посетено на 1 февруари 2017.[мртва врска]
  9. „Рајковиќ се врати на клупата на Сласк“. ekipa.mk. 14 ноември 2015. Архивирано од изворникот на 2015-11-17. Посетено на 1 февруари 2017.
  10. „Рајковиќ: Ова е огромен чекор за развој на македонската кошарка“. ekipa.mk. 22 јули 2016. Архивирано од изворникот на 2016-10-30. Посетено на 1 февруари 2017.
  11. „Рајковиќ: Не се плашам од предизвикот“. sportmedia.mk. 22 јули 2016. Посетено на 1 февруари 2017.
  12. „Официјално: Рајковиќ е новиот тренер на МЗТ Аеродром“. sport365.mk. 22 јули 2016. Посетено на 1 февруари 2017.[мртва врска]
  13. „Рајковиќ остана на зборот, даде ОСТАВКА!“. sportmedia.mk. 10 октомври 2016. Посетено на 1 февруари 2017.
  14. „Рајковиќ си поднесе оставка, од МЗТ си одат и Мејси и Томас!“. ekipa.mk. 10 октомври 2016. Архивирано од изворникот на 2016-11-14. Посетено на 1 февруари 2017.
  15. „Рајковиќ повеќе не е тренер на МЗТ, откази и за Мејси и Томас!“. gol.mk. 10 октомври 2016. Посетено на 1 февруари 2017.
  16. „Емил Рајковиќ нов тренер на Стал Остров“. sportmedia.mk. 17 октомври 2016. Посетено на 1 февруари 2017.
  17. „Емил Рајковиќ си најде нов клуб“. vecer.mk. 17 октомври 2016. Архивирано од изворникот на 2016-10-19. Посетено на 1 февруари 2017.
  18. „Рајковиќ не успеа, титула за Анвил“. sportmedia.mk. 4 јуни 2018. Посетено на 5 јуни 2018.
  19. „Емил Рајковиќ и Слам Стал се вицешампиони на Полска“. gol.mk. 4 јуни 2018. Посетено на 5 јуни 2018.
  20. „Астана го потврди Емил Рајковиќ“. sportmedia.mk. 4 јули 2018. Посетено на 4 јули 2018.
  21. „Рајковиќ и официјално нов тренер на Астана“. gol.mk. 4 јули 2018. Посетено на 4 јули 2018.
  22. „Даскаловски ќе му биде „десна рака" на Рајковиќ во Астана“. ekipa.mk преку web.archive.org. 30 јули 2019. Посетено на 3 август 2019.
  23. „Рајковиќ го повика Борче Даскаловски во стручниот штаб на Астана“. gol.mk преку web.archive.org. 31 јули 2019. Посетено на 3 август 2019.
  24. „Казахстан го откажа првенството, но Рајковиќ останува во Нур-Султан“. gol.mk преку web.archive.org. 27 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-27. Посетено на 27 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  25. „Шампионската титула за Рајковиќ!“. basketball.mk преку web.archive.org. 23 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  26. „Крај во Казахстан, титулата за Рајковиќ и Астана“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 23 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  27. „Емил Рајковиќ освои нов трофеј со Астана“. ekipa.mk преку web.archive.org. 16 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-03-21. Посетено на 21 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  28. „Доминацијата продолжува: Нова титула на Рајковиќ и Астана“. ekipa.mk преку web.archive.org. 12 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-06-01. Посетено на 1 јуни 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  29. „Емил Рајковиќ ја напушта Астана: Сакам ќерките образованието да го продолжат во Македонија“. ekipa.mk преку web.archive.org. 19 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-06-01. Посетено на 1 јуни 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  30. „Емил Рајковиќ именуван за нов селектор на Казахстан“. ekipa.mk преку web.archive.org. 16 ноември 2019. Text "urlhttps://web.archive.org/web/20191120114126/https://ekipa.mk/emil-rajkovik-imenuvan-za-nov-selektor-na-kazahstan/ " ignored (help); |access-date= бара |url= (help)
  31. „Македонија го „изгуби" Емил Рајковиќ, стана селектор на Казахстан“. gol.mk преку web.archive.org. 16 ноември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-11-20. Посетено на 20 ноември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  32. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  33. „Војдан Стојановски - најдобар кошаркар“. vecer.mk. 22 јануари 2009. Посетено на 26 февруари 2018.[мртва врска]
  34. „Војдан Стојановски е број еден“. idividi.com.mk. 23 јануари 2009. Посетено на 26 февруари 2018.
  35. „Сите почести за Дамјан Стојановски“. vecer.mk. 23 јануари 2011. Посетено на 26 февруари 2018.[мртва врска]
  36. „Спорт - Дамјан Стојановски - кошаркар на годината“. daily.mk. 22 јануари 2011. Посетено на 26 февруари 2018.
  37. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2010-11“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  38. „Дамјан Стојановски и Емил Рајковиќ – кошаркарски лауреати за 2014“. ekipa.mk. 19 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-02-21. Посетено на 1 февруари 2017.
  39. „Стојановски, Рајковиќ и Антиќ кошаркарски лауреати за 2014 година“. sportmedia.mk. 24 февруари 2015. Посетено на 1 февруари 2017.
  40. „Емил Рајковиќ избран за најдобар тренер во ВТБ лигата“. ekipa.mk. 10 мај 2019. Посетено на 10 мај 2019.
  41. „Големо признание: Рајковиќ прогласен за тренер на годината во ВТБ-лигата“. sportmedia.mk. 10 мај 2019. Посетено на 10 мај 2019.
  42. „Димитријевиќ, Кочов, МЗТ, Вардар... се најдоброто во мак-баскетот за 2019 година!“. gol.mk преку web.archive.org. 25 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-26. Посетено на 26 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  43. „Димитријевиќ, Стојановска, Рајковиќ, Кочов… најдоброто од макбаскетот за 2019“. ekipa.mk преку web.archive.org. 25 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-26. Посетено на 26 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]