Прејди на содржината

Драган Радосављевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драган Радосављевиќ
ПозицијаЦентар
Висина2,04 м
Тежинакг
Роден1949 (воз. 74–75 г.)
Белград, НР Србија, ФНРЈ
НационалностСрбин
Проф. кариера1967–
Клубови
1967Слога
196?-198?Работнички
198?-198?МЗТ Аеродром
19??-19??Валс
19??Куманово
19??Гостивар
Репрезентација

Драган Радосављевиќ (роден во 1949 во Белград) — поранешен српски кошаркар и член на Младинската југословенската машка репрезентација.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Радосављевиќ својата професионална кариера ја започнал во Слога од Краљево во 1967 година. Драган, како кошаркар, бил откриен од тогашниот тренер на Слога - Бали Малиќи. Во Слога останал неколку месеци бидејќи, откако поради добрите игри бил забележан од Лазар Лечиќ, се преселил во Работнички, клуб кој се натпреварувал во Првата југословенска кошаркарска лига. Со Работнички во сезоната 1975/76, Радосављевиќ стигнал до полуфиналето на Купот на победниците на куповите. Во тоа полуфинале, за време на гостувањето кај Чинцано Олимпија Милано, Драган заедно со соиграчот Благоја Георгиевски добиле труење од храна, резултирајќи со висок пораз на Работнички поради отсуството на Георгиевски - Буштур и слабиот играчки учинок на заболениот Радосављевиќ.[1]

Потоа Драган се преселил во МЗТ Аеродром со кој успеал да се пласира во Првата југословена лига откако во сезоната 1985/86 МЗТ ја освоил Првата Б југословенска лига - Исток. Следна станица му била австрискиот клуб Валс. Потоа имал играно за Куманово и Гостивар.[1]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Драган Радосављевиќ бил член на младинската југословенска репрезентација на која бил капитен. Со таа репрезентација предводена од Лазар Лечиќ, Драган ја освоил Балканијадата во Риека во 1970 година. Потоа за време на младинското европско првенство одржано во Атина, Драган со Југославија го освоил четвртото место на Континентот.[1]

Останата кариера

[уреди | уреди извор]

Радосављевиќ извесен период бил ангажиран во Кошаркарската федерација на Македонија.[1]

Клупски титули и успеси

[уреди | уреди извор]

СФРЈ Работнички

[уреди | уреди извор]
  • Куп на Југославија : вицепрвак 1976
  • ФИБА Европски Куп на Победниците на Куповите : полуфинале 1975/76

СФРЈ МЗТ Аеродром

[уреди | уреди извор]

Репрезентативни титули и успеси

[уреди | уреди извор]

СФРЈ Младинска репрезентација на Југославија

[уреди | уреди извор]
  • Балканијада (1) : 1970
  • Европско првенство под 18 години : четврто место 1970
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Зоран Михајлов (15 април 2019). „Драган Радосављевиќ: Капитен на една златна генерација“. novamakedonija.com.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2019-04-21. Посетено на 21 април 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]