Прејди на содржината

Благоја Георгиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благоја Георгиевски
Прекар(и)Буштур
Висинам
Тежинакг
Број13
Роден15 октомври 1950
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Починал29 јануари 2020(2020-01-29) (возр. 69)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
Проф. кариера1967–1984
Клубови
1967–1984Работнички
Репрезентација

Благоја Георгиевски - Буштур (15 октомври 1950 во Скопје - 29 јануари 2020 во Скопје) — македонски кошаркар и југословенски репрезентативец.

Во негова чест, Купот на Македонија во кошарка го носи неговото име.[1]

Играчка кариера

[уреди | уреди извор]

Клупска младинска кариера

[уреди | уреди извор]

Пред да стане кошаркар, Буштур бил активен играч во пинг понг. Во 1965 година, Благоја одлучил да се појави на еден тренинг на Работнички, но тогаш тој бил избркан поради непочитување на куќниот ред. Следниот ден, Георгиевски повторно дошол на тренинг каде овојпат тренерите му дозволиле да ги покаже своите кошаркарски способности и тогаш го увиделе неговиот потенцијал.[2]

Клупска сениорска кариера

[уреди | уреди извор]

Во 1967 година, Георгиевски бил вклучен во сениорската екипа на Работнички.[3] Првите минути Благоја ги добил кога имал 18 години против Борац од Чачак во Првата југословенска кошаркарска лига. На 29 декември 1969 година, тренерот Лазар Лечиќ го ставил Георгиевски на теренот во продолжението на натпреварот против силниот Олимпија од Љубљана. Во тие последни пет минути од натпреварот, Благоја постигнал девет бода и резултатот завршил 101-96 за Работнички. По овој натпревар, Буштур си обезбедил место во почетната петорка на Работнички.[2]

Со Работнички во сезоната 1975/76, Благоја стигнал до полуфиналето на Купот на победниците на куповите. Во тоа тоа полуфинале, за време на гостувањето кај Чинцано Олимпија Милано, Георгиевски заедно со соиграчот Драган Радосављевиќ добиле труење од храна, резултирајќи со висок пораз на Работнички поради отсуството на Георгиевски - Буштур и слабиот играчки учинок на заболениот Радосављевиќ.[4]

Во прошталниот натпревар во дресот на Работнички, одигран во Градски Парк на 12 мај 1984 година пред околу 2,500 гледачи, самиот Георгиевски организирал и ја довел ветеранската југословенската репрезентација да се натпреварува против скопскиот клуб и Буштур. Репрезентацијата била сочинета од Ќосиќ, Плеќаш, Далипагиќ, Делибашиќ, Вараиќ, Јеловац, Чермак, Андоновски и многу други. На чело на селекцијата бил Јанко Луковски.[5] За Работнички освен Буштур настапиле: Сотировски, Настев, Митев, Серафимовски, Радоњиќ, Стојковиќ, Зрно, Давитков, Јаневски, Шишковски, Самарџиски. На 13 минути и 13 секунди, бидејќи бројот 13 Георгиевски највеќе го носел, имало мал прекин за самиот Буштур да се збогува со пријателите, публиката, ТВ аудиториумот и од активната кошарка. Најефикасни на тој натпревар кај репрезентативците ветерани биле Варајиќ со 31 и Јеловац со 27 бода, додека кај Работнички се истакнале Стојковиќ со 26 бода и Серафимовски со 18 бода. На мечот од професионалното судење се збогувале и судиите Анастасовски и Поповски.[2]

Младинска репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Георгиевски - Буштур бил член на младинската југословенска репрезентација. Со таа репрезентација предводена од Лазар Лечиќ, Благоја ја освоил Балканијадата во Риека во 1970 година. Потоа за време на младинското европско првенство одржано во Атина, Буштур со Југославија го освоил четвртото место на Континентот.[4] Тој бил учесник на Универзитетските игри 1970 во Торино.[3]

Сениорска репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

На Средоземните игри 1971, Георгиевски заедно со Југословенската кошаркарска репрезентација го освоил златото. На Европското првенство во 1971 година, кое било одржано во Западна Германија, Георгиевски со Југославија освоил сребрен медал. Тој со Југославија учествувал на Олимписките игри во Минхен 1972.[3] Тогаш тој со репрезентацијата го освоил петтото место. На Балканските игри во 1972 (Сараево) и 1974 година (Солун), станал првак со југословенскиот состав.[3] На Средоземните игри 1975, тој повторно станал првак.[2] Георгиевски бил учесник на Летните олимписки игри 1976 кои биле одржани во Монтреал, како член на Југословенската кошаркарска репрезентација, тој освоил сребрен медал.[6][7]

За југословенската репрезентација, Буштур одиграл 124 натпревари и постигнал 388 бода.[2]

Тренерка кариера

[уреди | уреди извор]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Тој бил тренер на МЗТ Аеродром.[6]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Благоја Георгиевски бил селектор на македонската репрезентација.[6][7]

Останата кариера

[уреди | уреди извор]

Благоја Георгиевски дипломирал на Правниот Факултет во Скопје во 1980 година.[3]

Како функционер, Георгиевски бил член на Управниот Одбор и на Собранието на МОК, претседател на Олимпискиот Совет при МОК, потпретседател на МОК. Тој бил носител на македонското знаме на Олимписките игри во Атина 2004. Исто така, тој бил претседател на стручниот совет на МКФ.[6][7] Георгиевски бил амбасадор на Специјалните олимписки игри.[8]

На 29 јануари 2020 година и околу 23:00 часот, во населбата Кисела Вода, Благоја Георгиевски починал кога при управување на своето возило, изгубил контрола над возењето и излетал од коловозната лента каде што удрил во бетонска жардињера на булеварот Србија. Тој починал на местото на несреќата.[6][7][9] Поради неговата смрт, Работнички го повлекол бројот 13 од употреба на клупските дресови.[10]

Клупски титули и успеси

[уреди | уреди извор]

СФРЈ Работнички

[уреди | уреди извор]
  • Куп на Југославија : вицепрвак 1976, 1983
  • ФИБА Европски Куп на Победниците на Куповите : полуфинале 1975/76

Репрезентативни титули и успеси

[уреди | уреди извор]

СФРЈ Младинска репрезентација на Југославија

[уреди | уреди извор]

СФРЈ Сениорска репрезентација на Југославија

[уреди | уреди извор]

Признанија

[уреди | уреди извор]
  • Спортист на Македонија за 1971 година[2]
  • Спортист на Скопје за 1972 година[2]
  • „Златна значка“ од Југословенскиот сојуз за физичка култура[2]
  • Член на Клубот на великаните на МОК од 1997 година[6][7]

  1. „Заклучоци од редовна седница на УО на КФМ“. Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. 16 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-16. Посетено на 16 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 „Од момче кое прво беше избркано од „Градски парк" до легенда на која се поклонија Чосиќ, Пешиќ, Делибашиќ…!“. ekipa.mk преку web.archive.org. 30 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-31. Посетено на 31 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. 2009. стр. 348. ISBN 978-608-203-024-1.
  4. 4,0 4,1 Зоран Михајлов (15 април 2019). „Драган Радосављевиќ: Капитен на една златна генерација“. novamakedonija.com.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2019-04-21. Посетено на 21 април 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „Елитата дојде на прошталниот меч на Буштур во 84-та: Ќосиќ, Далипагиќ, Делибашиќ...“. gol.mk преку web.archive.org. 30 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-30. Посетено на 30 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 „ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Загина кошаркарската легенда Благоја Георгиевски - Буштур!“. gol.mk преку web.archive.org. 30 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-30. Посетено на 30 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 „Во тешка сообраќајка ноќеска загина кошаркарската легенда Буштур“. slobodenpecat.mk преку web.archive.org. 30 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-30. Посетено на 30 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. „Импресивната кариера на Буштур крунисана со олимписки и европски медал!“. gol.mk преку web.archive.org. 30 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-30. Посетено на 30 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  9. „Потврда од МВР: Георгиевски починал на лице место, возилото удрило во бетонска жардињера“. ekipa.mk преку web.archive.org. 30 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-30. Посетено на 30 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  10. „Во чест на Буштур, Работнички го повлекува дресот со број 13“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 31 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-31. Посетено на 1 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]