Мирза Делибашиќ
Мирза Делибашиќ | |
---|---|
Прекар(и) | Кинѓе |
Позиција | бек |
Висина | 1,97 м |
Тежина | 87 кг |
Лига | лига |
Клуб | екипа |
Број | 9 |
Роден | 9 јануари 1954 Тузла, Босна и Херцеговина, СФР Југославија |
Починал | 8 декември 2001 Сараево, Босна и Херцеговина | (возр. 47)
Националност | босанска |
Проф. кариера | 1968–1983 |
Репрезентација |
Мирза Делибашиќ (Тузла, 9 јануари 1954 - Сараево, 9 декември 2001) – босанскохерцеговски кошаркар. Вброен е меѓу 50 лица кои најмногу придонеле за Евролигата.[1]
Играчка кариера
[уреди | уреди извор]Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Блескавата спортска кариер ја започнал во 1968 година кога станал пионерски првак на Босна и Херцеговина во тенис. Член на кошаркарскиот клуб Слобода од Тузла станал во 1968 година и во него останал до 1972 година, кога преминал во КК Босна од Сараево кога го одиграл и првиот натпревар против КК Југопластика од Сплит.
Бил првак на СФР Југославија и Европа и го освоил Купот на Југославија во кошарка. За КК Босна одиграл 700 натпревари и постигнал околу 14 000 кошеви. Со екипата на Босна бил и вицешампион на светот, на клупското светско првенство во 1979 година кое се одиграло во Бразил. После играњето во Босна, играл за Реал Мадрид каде во 1983 година заради излив на крв во мозокот морал трајно да се повлече од активното играње.[1]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Во дресот на репрезентацијата на Југославија (одиграл 176 натпревари и постигнал 1.759 бода) ref>KK Bosna: Mirza Delibašić Архивирано на 17 октомври 2013 г.</ref> бил првак на Балканот, Европа, светот и олимписки победник.
Тренерска кариера
[уреди | уреди извор]Мирза Делибашиќ бил првиот селектор на кошаркарската репрезентација на БиХ.[2] на Европското првенство во Германија во 1993 година под негово водство кошаркарската репрезентација на БиХ го освоиле осмото место.[2][3] Во 1995 година поднел оставка на селекторското место.[2]
Спортско административна кариера
[уреди | уреди извор]Бил директор на КК Босна на кое место останал до смртта во 2001 година.
Признанија
[уреди | уреди извор]Добитник е на многу спортски и општествени признанија.
- Во 1980 година избран е за најдобар кошаркар во Југославија.[4]
- Четири пати бил избран за најдобар спортист на Босна и Херцеговина, а пет пати за најдобар спортист на градот Сараево.
- Во 2000 година избран е за спортист на столетието во Босна и Херцеговина.[3]
Спомен
[уреди | уреди извор]- Спортската сала во Скендерија денес го носи името „Сала Мирза Делибашиќ“
- Во негов спомен од 2005 година се игра меѓународен кошаркарски турнир „Меморијал Мирза Делибашиќ“.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 euroleague.net: Mirza Delibasic (1972-1983)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 bhstring.net: Portret: Mirza Delibašić - Kinđe. I pad je let, preuzeto 17. listopada 2013.
- ↑ 3,0 3,1 Španjolski mediji obilježili deset godina od smrti Mirze Delibašića, gol.dnevnik.hr
- ↑ „sportski.net.hr: Zbogom, Kinđe! Mirza Delibašić (9. siječanj 1954. - 8. prosinca 2001.)“. Архивирано од изворникот на 2013-10-17. Посетено на 2017-04-27.
- ↑ oslobodjenje.ba: Međunarodni memorijalni turnir Mirza Delibašić: Igokea i Gmunden u finalu, 20. rujna 2013