Виктор Ефремовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Виктор Ефремовски
Прекар(и)Викса
Позицијабек
Висина1,94 м
Тежинакг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
ЕкипаРаботнички
Број25
Роден21 октомври 1998 (1998-10-21) (21 г.)
Гостивар, Македонија
НационалностМакедонец
Проф. кариера2015–
Клубови
2015–Работнички
Репрезентација
Инфо од: 08.02.2018.

Виктор Ефремовски (роден на 21 октомври 1998 во Гостивар) — македонски кошаркар кој настапува за Работнички.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Младинска кариера[уреди | уреди извор]

Има настапувано во младинските категории на Вардар. Во сезоната 2013/14 настапувал во дресот на Вардар Апаве бидејќи младинските категории на Апаве и Вардар се фузирале.[1] Следната сезона продолжил во самостојните младински категории на Вардар.[2]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2015/16, Ефремовски се преселил и дебитирал во сениорската екипа на Работнички и станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015.[3] Во сезоната 2016/17 останал во Работнички и стигнал до полуфиналето на Првенството и Купот на Македонија 2017.[4] Во Работнички, Ефремовски продолжил да настапува и во сезоната 2017/18.[5] Во таа сезона, Ефремовски со Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак. Со Работнички, Ефремовски го освоил Купот 2019, додека во Првенството 2018/19 бил вицепрвак. Бидејќи бил под активен договор, Ефремовски бил во составот на Работнички во сезоната 2019/20.[6]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Младинска репрезентација[уреди | уреди извор]

На Европското првенство под 16 години - Б Дивизија во 2014 година, Ефремовски бил вклучен во македонската репрезентација под 16 години. Неговиот просек по натпревар бил 16 поени, 3,3 скокови и 1,4 асистенции.[7] На Европското првенство под 18 години - Б Дивизија во 2015 година, Виктор учествувал со македонската репрезентација под 18 години. Неговиот просек бил 6,9 поени, 1,8 скокови и 0,5 асистенции.[7] 2016 година, играл на Европското првенство под 20 години - Б Дивизија со репрезентацијата под 20 години. Просек имал од 10,6 поени, 2,1 скокови и 1,1 асистенции.[7] Истата година, Бојан настапил на Европското првенство под 18 години - Б Дивизија. Тогаш тој имал просек од 9 поени, 2,6 скокови, 1,3 асистенции.[7]

А репрезентација[уреди | уреди извор]

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Ефремовски.[8]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Особен придонес во сезоната 2015/16[9]
  • Најдобар млад кошаркар за 2018 година[10][11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вардар Апаве М-16 : Фени Индустри М-16“, fibalivestats.com, 1 јуни 2014 (посет. 8 февруари 2018 г).
  2. Вардар М-20 : МЗТ Аеродром М-20“, fibalivestats.com, 15 јуни 2015 (посет. 8 февруари 2018 г).
  3. KK Rabotnicki - roster 2015-16“, eurobasket.com (посет. 8 февруари 2018 г).
  4. KK Rabotnicki - roster 2016-17“, eurobasket.com (посет. 8 февруари 2018 г).
  5. Американец во „Градски парк“: Гинјард потпиша за Работнички“, ekipa.mk, 22 август 2017 (посет. 8 февруари 2018 г).
  6. Чудна тишина: Што се случува во Работнички?“, ekipa.mk преку web.archive.org, 27 јули 2019 (посет. 27 јули 2019 г).
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Viktor Efremovski“, fibaeurope.com (посет. 8 февруари 2018 г).
  8. Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“, gol.mk преку web.archive.org, 9 јануари 2020 (посет. 14 јануари 2020 г).
  9. Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2016“, eurobasket.com, 28 мај 2016 (посет. 4 август 2018 г).
  10. Војдан и Бојан ќе ја поделат наградата за најдобар!“, sportmedia.mk, 18 декември 2018 (посет. 22 декември 2018 г).
  11. Сите бираат еден, МКФ двајца: Војдан и Бојан – најдобри кошаркари за 2018 година“, ekipa.mk, 18 декември 2018 (посет. 22 декември 2018 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]