Миле Арсовски
Миле Рафев Арсовски ( 1928 во Скопје — 13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]По завршувањето на основното училиште работел во железничката ложилница. Уште како младинец се поврзал со припадниците на народно-ослободителното движење. Поради пројавената активност, бугарската фашистичка полиција го затворила. Но, и покрај ѕверското мачење не предал никого. Речиси веднаш по формирањето на Дванаесеттата македонска ударна бригада, ѝ се приклучил на Китка. Бил борец во втората чета на Вториот баталјон. Мошне се истакнал во борбите против балистите, како бестрашен борец, по што набргу станал пушкомитралезец. Бил особено сакан и почитуван меѓу соборците, кои му го дале прекарот Мацан. Со својата бригада активно учествувал во борбите на Китка, Водно, на реката Треска, како и во многу други оружени акции. Тој е меѓу првите борци кои навлегле во улиците на Скопје. Храбро се борел со соборците за уништување на отпорот, што Германците го давале од поголем број објекти во градот. Но, при нападот на женската гимназија бил смртоносно погоден. Бил закопан во Скопје.