Ејуп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ејуп
Поглед од Златниот Рог
Поглед од Златниот Рог
Location of Eyüp in Istanbul
Location of Eyüp in Istanbul
Ејуп се наоѓа во Турција
Ејуп
Location of Eyüp in Istanbul
Координати (=): 41°03′05″ СГШ 28°56′04″ ИГД / 
Земја Турција
Провинција Истанбул
Управа
 • Градоначалник Ремзи Ајдин (ППР)
 • Управител Осман Кајмак
Површина[1]
 • District 223,78 км2
Население (2012)[2]
 • Градска 349.470
 • District 356.512
 • District густина Лошо заокружување15.93.136.115.828/км2
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Повик. бр. 0-212
Мреж. место eyup.bel.tr eyup.gov.tr

Ејуп — општина и населба која се наоѓа во Истанбул, Турција. Таа се протега од Златниот Рог сè до брегот на Црното Море. Ејуп во текот на историјата била исклучително важна област, особено во времето на Османлиите.

Историја[уреди | уреди извор]

Денешната населба Ејуп била населена уште од византискиот период на градот. Населбата во тоа време била позната како Космидион, чие име доаѓа од манастирот посветена на Свети Кузман и Дамјан. Населбата најверојатно била основана кон 480 година од Леонтина, мајка на узурпаторот Леонтиј.

Во 924 година, Роман I Лакапин се состанал со бугарскиот цар Симеон I на пристаништето во Космидион во времето на Византиско-бугарската војна (913-927). Иако оваа област се наоѓа надвор од цариградските ѕидини, сепак низ неа поминувале две реки од кои жителите на ова тогашно село се снабдувале со вода. Во времето на Византија, во селото имало црква и манастир, кои биле изградени зад денешната Ејуп Султан џамија.

Ејуп во минатото се сметало за предградие на Истанбул, додека кон 17 век населбата била вклучена со градот целосно. Значењето на Ејуп се зголемило поради самата џамија во која биле сместени моштите на Абу Ајуб ал-Ансари, кој со својата армија дошол во Цариград за време на првата арапска опсада. Во битката, тој бил убиен. Негова желба, според преданието, било тој да почива на тоа место. По седум векови, односно кога градот паднал во рацете на Османлиите, тој свечено бил погребан во Ејуп Султан џамија. Во џамијата се наоѓа камен со траги од нозете на пророкот Мухамед, мечот на Осман и неколку антички ракописи од Куранот. Во градината на џамијата биле погребувани истакнати државници, евнуси, шеици, дипломати и.т.н.

Од тој момент па понатаму, Ејуп станало свето место. Во оваа општина биле изградени поголем број на џамии, фонтани, училишта и.т.н.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Türkmenoğlu, Şener. Eyüp Bir Semt'e Gönül Ver. ABC Kitabevi, 2005.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


  1. „Површина на областите (со езера) во км²“. База на обласна статистика. Статистички завод на Турција. 2002. http://tuikapp.tuik.gov.tr/Bolgesel/menuAction.do?dil=en. конс. 5 март 2013 г.  (турски)
  2. „Население на покраинските/окружните центри и паланки/села во 2012 г.“. База на податоци за населението по системот ABPRS. Статистички завод на Турција. http://rapor.tuik.gov.tr/reports/rwservlet?adnksdb2&ENVID=adnksdb2Env&report=wa_turkiye_ilce_koy_sehir.RDF&p_il1=34&p_kod=1&p_yil=2012&p_dil=2&desformat=html. конс. 27 февруари 2013 г.