Принцевски Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Принцевски Острови, Мраморно Море
Adalar Istanbul highlight.png
Информации
Покраина Истанбул
Ареа 10 km²
Population околу 15 000
Густина
Села 0
Лиценца
Градоначалник

Принцевски Острови (грчки Πριγκηπονήσια, турски Kızıl Adalar) — архипелаг од девет острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно Море и јужно од Картала и Пендик. Островите се наоѓаат од 19 километри (Проти) и 29 километри (Неандрос) југоисточно од Истанбул, Турција[1]. Опфаќаат површина од 10 км2, со највисока точка од 201 метар. На островите живеат околу 15 000 луѓе, но во текот на летните месеци, овој број е многу поголем.

Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради сталните бродови кои минуваат покрај секој остров. На островите е забрането употреба на моторни возила, а како основен вид на превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица.

Овие острови биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија. Овде биле праќани во егзил најчесто претендентите за престолот во Византија. Денеска, овие острови се една од најголоемите туристички атракции во земјата.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • „Baedeker`s Turkish Coast“, Stuttgart 1987.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 40°52′33″ СГШ; 29°05′22″ ИГД / 40.87588° СГШ; 29.08939° ИГД / 40.87588; 29.08939